Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Најтешко повредените пациенти од пожарот ќе се лекуваат во Бугарија, Турција, Грција и Србија

by Уредник
16.03.2025
in Uncategorized

Министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип изјави дека дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство

Според Таравари, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.

– Според нашите анестезиолози, 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување за тие што се покритични. Им оставив на екипата анестезиолози да одредат каде сметаат дека би било најдобро за натамошен третман за покритичните пациенти, рече министерот.

Во Штипската болница биле хоспитализирани 39 деца, кои како што кажа Таравари, се во релативно добра состојба. Генерално биле со изгореници, но имало и со скршеници.

– Доколку има потреба да се пренесуваат до Клинички центар – Скопје, ќе интервенираме, истакна министерот.

Во Болницата во Кочани биле хоспитализирани 30 пациенти, во хирушките клиники во Клинички центар во Скопје се 31, во Градска хирургија 28 и во „8 Септември“ има 24 хоспитализирани. Повеќето од хоспитализираните, посочи, дека се многу млади.

Болниците, според Таравари, располагаат со медицински материјали, средства и лекови и на пациентите им се дава се што е потребно, а располагаат и со доволни количини крвни деривати.

Next Post

Андреј од ДНК последен пат виден кога по втор пат влегол во дискотеката да спасува деца

Мајката на Андреј од ДНК го барала во сите скопски болници, никаде го нема

Препорачани Вести

Аларм во Полска: Активирани борбени авиони и максимална готовност на противвоздушните системи

5 months ago

Русија на удар – Експлозии и пожари во повеќе градови

2 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.