Connect with us

Македонија

Сопственикот на дискотеката во Кочани приведен

Published

on

Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен.

Приватната дискотека каде што се случи пожарот во Кочани работела повеќе години, а приведениот сопственик бил постојано во сопственичката структура на објектот.

Лиценцата за работа на дискотеката и истекувала на 24 март.

Македонија

Селами: Од дискотеката во Кочани не постои барање за елаборат што го издава ДЗС

Published

on

За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат.

-Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 година, а е легализиран во 2005 година и досега не увидовме дека постои нивно барање за елаборат, изјави Селами.

Селами појаснува дека согласно законот секој објект треба да поседува опрема за заштита од пожари. Двајца инспектори од оваа институција соработуваат со останатите за да се увидат точните причини за избувнување на пожарот.

Во пожарот во Кочани, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Continue Reading

Македонија

Авион на Војската на Србија евакуира повредени по трагедијата во Кочани

Published

on

Aвион на Војската на Србија „CASA C-295“ со четворица лекари и четворица медицински техничари полета од Белград во Македонија за медицинска евакуација на повредените во трагичната несреќа во Кочани, соопшти во неделата вечерта српското Министерство за одбрана.

Планирано е со овој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград и Клиничкиот центар на Србија.

Двајца пациенти кои веќе се пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар во Ниш, а уште тројца пациенти се превезуваат со возила на брзата помош и ќе бидат згрижени на ВМА.

За пружање помош на повредените, двајца лекари од ВМА, пластичен хирург и анестезиолог, и двајца медицински техничари ќе останат со своите македонски колеги, се вели во соопштението.

Најмалку 59 млади лица најмногу на возраст од 14 до 24 години загинаа во пожар што избувна во текот на ноќта во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а 155 се повредени. Од скопската привватна клиника „Жан Митрев“ вечерва соопштија дека тројца од седумте пациенти во установата се во критична состојба.

Како реакција на трагедијата во кочанската дискотека, српската влада денеска одлучи вторник 18-ти март вторник да го прогласи за Ден на жалост во целата земја.

Continue Reading

Македонија

Брзата помош и неколку болници во Грција се во состојба на готовност за прием на повредени со изгореници

Published

on

Националниот центар за брза помош е во целосна оперативна готовност за транспорт и лекување на повредени со изгореници по барање на Македонија, напиша на платформата Икс, министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис и посочи дека четири болници во Атина и Солун се во состојба на зголемена готовност, јави дописничката на МИА од Атина.

Георгиадис објасни дека по барањето од нашата земја до Европскиот механизам за цивилна заштита, во тек се „сите неопходни активности и во тек е координација помеѓу грчкото Министерство за надворешни работи, Министерството за здравство, Министерството за климатски кризи и цивилна заштита и Здравствен оперативен центар на брзата помош со цел транспорт, прием и лекување на повредените со изгореници во соодветните здравствени центри во земјата“.

Според министерот за здравство на Грција врз основа на оперативниот план во состојба на зголемена готовност се три болници во Атина и една во Солун, што воедно се и едни од најголемите грчки болници.

– Општиот координативен центар на службата за брза помош веќе го стави во состојба на готовност неопходниот број амбулантни возила, кои ќе се користат во случај да се донесе одлука дополнителни повредени со изгореници да треба да се транспортираат во здравствените центри на националниот здравствен систем или на Министерството за национална одбрана во Атина, напиша Георгиадис на Икс.

Дополнително потсети дека во општата болница „Папаниколау“ во Солун веќе се хоспитализирани три лица со изгореници.

Како што претходно објави МИА, грчки владини извори брифираа дека во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени со изгореници во пожарот во дискотеката во Кочани и дека по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и службата за итна медицинска помош, Грција ќе ги прими сите повредни со изгореници, како што било побарано од Европскиот механизам за цивилна заштита“.

Тројца повредени со амбулантни возила попладнево пристигнаа во Солун и се хоспитализирани во болницата Папаниколау, а според информациите на МИА, станува збор за две девојки и едно момче на возраст од 25, 26 и 19 години, кои се тешко повредени со големи изгореници, еден од пациентите беше опериран, а операција ќе биде потребна и за уште едно лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк