Connect with us

Македонија

ВИДЕО: Осомничен за трагедијата во Кочани: „Ние сме херои, спасивме над 200 луѓе“

Published

on

Еден од осомничените за трагедијата во Кочани изјави дека не чувствува вина, тврдејќи дека за време на пожарот помогнал во спасувањето на стотици луѓе.

„Ние сме херои, не се чувствуваме виновни. Спасивме над 200 луѓе од огнената стихија,“ изјавил тој,

Обвинителството сè уште ја води истрагата, а јавноста со големо внимание ги следи изјавите на осомничените и текот на случајот.

Видеото може да го погледнете тука

Македонија

[ВИДЕО] Македонското еколошко друштво лоцираше уште еден балкански рис: Рисицата Зора е млада и здрава женка

Published

on

Нов успех за заштитата на балканскиот рис: МЕД лоцираше нова женка, по име Зора

Македонското еколошко друштво (МЕД) регистрираше нов балкански рис на територијата на Македонија, објави организацијата на својата официјална страница на Фејсбук.

Станува збор за млада женка тешка 15,5 килограми, која го доби името Зора. Таа е 15-тиот балкански рис на кој МЕД му има поставено ГПС-околувратник, преку кој се следи нејзиното движење и се собираат вредни податоци за овој критично загрозен подвид.

„Овие информации се од клучно значење за долгорочното закрепнување и зачувување на балканскиот рис, кој претставува едно од најредоките и најзагрозени животни во Европа“, истакнуваат од МЕД.

Видеото со новата рисица Зора е достапно за јавноста, и може да се погледне овде.

Continue Reading

Македонија

Гордана Сиљановска – Давкова: Поддршка за најстариот македонски планинарски клуб „Љуботен“

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, одржа средба со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“ по повод стогодишнината од постоењето на овој клуб, најстар во земјава.

На средбата се разговараше за значајните активности и мисијата на клубот, кој со вековна традиција претставува симбол на љубовта кон природата и планините, особено кон Шар Планина. Претставниците на клубот ги презентираа досегашните проекти, но и планираните настани за 2025 година — традиционалното искачување на Титов Врв, ноќното летно искачување на Љуботен, младинскиот камп во Вратница и планинската трка.

Претседателката ја истакна важноста од грижата за природата, нагласувајќи дека таа не е само лична или локална обврска, туку национална должност. „Заштитата на животната средина е обврска кон идните генерации, кои имаат право на здрава и убава средина, како едно од основните човекови права,“ рече Сиљановска – Давкова.

Средбата помина во духот на поддршка и афирмација на здравиот животен стил, планинарењето и еколошката свест, а стогодишнината на ПК „Љуботен“ беше препознаена како симбол на упорност, љубов кон татковината и почитување на природното богатство.

Continue Reading

Македонија

Владата подготвува одлука: Министер и директор ќе бидат разрешени!

Published

on

По враќањето на премиерот од ОАЕ ќе бидат разрешени функционерите опфатени со истрагата за Кочани, велат од Владата за Канал 5.

Во однос на истражните дејствија информираме дека како Влада сме целосно посветени на темелна истрага и во таа насока како Влада ги резгледуваме сите процедури и правила кои ни стојат на располагање.

-Во интерес на постапката ве информираме дека по враќањето на премиерот од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати лицата кои се опфатени со истрагата ќе бидат разрешени , велат од Владата за Канал 5.

Инаку, меѓу новоосомничените за пожарот во Кочани се екс директорот на ДЗС а сега актуелен министер без ресор Шабан Салиу кој доби ефективен притвор и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами кој доби куќен притвор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк