Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВМА Белград: Состојбата на пациентите од Македонија е сериозна

by Уредник
17.03.2025
in Uncategorized
ВМА Белград: Состојбата на пациентите од Македонија е сериозна

Шест пациенти од пожарот во Кочани се на лекување во Воено-медицинската академија во Белград и еден е во Ниш и сите се во тешка состојба, јави МИА од Белград. Тоа го изјави попладнево заменик началникот на ВМА, Иван Лековиќ.

Пациентите се транспортирани со три амбулантни возила и транспортен авион на Армијата на Србија, а еден пациент со воен санитет е пренесен во Воената болница во Ниш.

„Сите пациенти примени на ВМА се млади, родени од 1998 до 2007 година и се на одделението за Интензивна нега, а нивната состојба е сериозна и тешка“, изјави полковник Лековиќ.

„Покрај изгорениците што ги имаат сите, пациентите имаат и знаци и симптоми на труење од гасови како и повреди при вдишување, односно оштетувања на дишните органи и бели дробови. Третманот е долготраен, бара бројни хируршки интервенции, вклучување на бројни други специјалисти… Сето тоа бара време и многу труд“, рече полковник Лековиќ. Пациентот кој е примен во Воената болница во Ниш е опериран и исто така е во тешка состојба.

Заменик-началникот на Воено-медицинската академија потсети дека со медицински транспорт испратиле шестчлена медицинска екипа во Северна Македонија.

„Тие останаа во Скопје и им помагаат на колегите од Северна Македонија во хируршкото лекување на пациентите. Ќе бидат таму онолку колку што е потребно“, нагласи полковникот Лековиќ.

Кога станува збор за идна евакуација на пациенти, Лековиќ истакна дека српски воено-транспортен авион ќе слета во Скопје, каде ќе пренесе 12 нови пациенти и дека по тријажа и проценка на нивната состојба, тие ќе бидат распоредени во ВМА и во Клиничкиот центар на Србија.

МакПрес.мк

Next Post

Учениците од ОСМУ „Никола Штејн“ од Тетово собраа средства за семејствата погодени од трагедијата во Кочани

Пустец во солидарност со Кочани: Почит за загинатите

Пустец во солидарност со Кочани: Почит за загинатите

Препорачани Вести

Закани со огнено оружје на „Илинденска“ – полицијата приведе 39-годишник

4 months ago

ВИДЕО: Ѓорѓиевски: Градскиот парк ќе стане срцето на модерно и зелено Скопје

3 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.