Connect with us

Македонија

Доктор Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми

Published

on

Многу е важно да се нагласи дека најголема опасност е по здравјето на луѓето кои долготрајно се изложени на азбестно труење или кај оние со краткорочно интензивно и екстремно изложување.

Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми по здравјето на граѓаните, апелира доктор Бојан Трајковски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: 

Гледам по социјалниве медиуми се шират апели за проверка на сите кои биле дел од трагедијата во Кочани поради азбестните табли во покривот и се дига особена паника па малку да појасниме зошто се предупредувањата:

Азбестот е минерал кој се користел уште во 19 тиот век во изградба на различни објекти, пред се покривите на објектите, поради тоа што имал одлични термички и звучни изолациски својства, но и поради неговата огноотпорност. Особено популарен до некаде 2005 кога е целосно забранет на ниво на ЕУ поради сериозните ризици по здравјето на луѓето особено луѓето кои работеле во вакви објекти поради што и е влезен во списокот на професионални болести.

Најчесто е користен како азбестни-цементи плочи дел од многу покриви во државава кои поради нивната отпорност на оган нашле широка примена и вака целосен како плоча нема голема опасност од истиот.

Главниот проблем кај нас е што најголем дел од овие времени објекти како локалов во Кочани имаат огромен број оштетени азбестни плочи кои се ронат, се издробени и скршени па при силен пожар азбесните честички лесно се пренесуваат преку чадот и прашината и се до толку опасни што азбестот е ставен во класа 1 канцерогена материја според меѓународната агенција за истражување на ракот.

Последиците се страшни и предизвикуваат разни проблеми како:

• Мезотелиом – неоплазма на плеврата и перитонеумот, кои обично се јавуваат по долгорочна изложеност
• Азбестоза – пнеумокониотична болест, белодробно заболувања кое најкарактеристично што доведува до белодробна фиброза.
• Рак на белите дробови – често се јавува кај лица кои биле изложени на азбест на долг рок.
• Проблеми со дишните патишта – вдишувањето на овие честитки може да предизвика долготрајна кашлица, задушување, градни болки.

На крај е многу важно да се нагласи дека најголема опасност е по здравјето на луѓето кои долготрајно се изложени на азбестно труење или кај оние со краткорочно интензивно и екстремно изложување.

Македонија

Македонија завиена во црно- во четврток погреби на загинатите во различен временски период

Published

on

Погребите на нашите сограѓани на 59 македонски души ќе бидат во четврток, 20 март, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион.

-На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин од страна на државата, преземено се она што е потребно да се обезбеди достоинствен погреб којшто нема сепак да ја намали болката на оние коишто ги изгубија своите чеда толку млади, изјави Ангелов.

Прашан дали во исто време ќе бидат погребите во сите градови и села низ Брегалничкиот регион, од каде што има загинaто деца и возрасни во пожарот во дискотеката во Кочани, Ангелов вели дека погребите ќе бидат во различен временски период.

– Погребот ќе биде во четврток, но точниот час ќе го определиме, односно ќе го определи МПЦ Синодот, бидејќи владиката сака да присуствува на повеќето места, затоа што се работи за чеда од неговата епархија. Дополнитлно ќе се утврди, каде ќе бидат, во колку часот, во кое место ќе бидат погребите најголем број жртви имаме во градот Кочани, Чешиново Облешево, Скопје, Пробиштип, Штип, Македонска Каменица, вели Ангелов.

Тој посочи дека Македонија е завиена во црна, а какошто вели имал несреќа и да биде на лице место, додека пожарот се уште не беше изгаснат. Сведочи дека сцените биле страотни.

-Тешко да се задржат солзите во еден ваков момент, но се надевам дека Господ Бог ќе се погрижи за душите на нашите сограѓани коишто во се уште, со невкусен живот, кои не го вкусија животот толку млади загинаа, починаа. Нема зборови со коишто можам да го изразам сочуството кон нивните семејства, затоа што ова е страшна трагедија како што државата никогаш досега нема доживеано, рече Ангелов.

Директорот на ЦУК, Ангелов изрази голема благодарност посебно до пожарникарите, коишто први пристигнале на лице место, а какошто вели за пет, шест, десет минути.

-Ужасот коишто го затекнаа и за коишто сведочат е нешто што неможам да го прераскажам. Веднаш потоа пристигна уште една екипа набгру и сите 16 кочански пожарникари беа на лице место вадејќи ги повредените, преживеаните, истовремено обидувајќи да го одбијат огнот, за да пристапат кон задната врата која што била одамна заклучена од внатрешната страна, за да им помогнат на луѓето коишто биле натрупани околу таа врата. Голема благодарност до пожарникарите од Кочани до пожарникарите од сите околни градови Виница, Делчево, Берово, Штип, некои од нив беа вратени додека се уште беа пристигнати во Кочани бидејќи пламените јазици беа изгаснати, но исто така голема благодарност и до ППД од Кочани исто така помагаше во извлекувањето на жртвите, вели Ангелов.

Тој исто така се заблагодари и на екипите на Итната медицинска помош, пред опожарената дискотека пристигнале 20 екипи на Итната медицинска помош од целиот исток, потоа на полициските службеници и на сите кои помагале и ги извлекувале повредените од дискотеката.

-Не се точни шпекулациите дека бројот на починати е поголем од 59. Пред малку добив и официјални информации дека немаме починати коишто се згрижени во болничките установи, во државата и во останатите држави. Некои од нив се во тешка состојба нека господ бог им даде сила да преживеат и да останат меѓу нас, изјави Ангелов.

Continue Reading

Македонија

ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИСКА КОНТОЛА во над 40 објекти во Македонија

Published

on

Во над 40 објекти низ целата држава направиле контроли од Државен пазарен инспекторат . Што и како затекнале нема информација. Одговорија само дека се во координација со другите институции и дека се продолжува со проверките.

Според извештај на Министерството за економија, вкупно 22 објекти во моментов имаат важечки лиценци. Осумнаесет за кабаре, две за дискоклуб и, исто толку, за дискоклуб на отворено. Од министерството велат дека имаат и пет барања за лиценца кои се во процедура, објави ТВ Телма.

Но, што треба за вршење на угостителска дејност? – Во законот стои дека треба да бидат исполнети минимално пропишани услови. За исполнувањето на овие услови и започнување со работа, угостителот е должен да го пријави во Државен пазарен инспекторат, кај градоначалникот на општината 15 дена пред почетокот со работа. Секоја промена, исто така, треба да се пријави.

Градоначалникот на Општината води и евиденција на угостителските објекти кои започнуваат со работа на нивното подрачје. Води регистар на угостителски објекти, советите во општините носат и одлука за висина на лиценца, води регистар за работното време, надлежни се и за елаборатот за животна средина.

За угостителска дејност во угостителски објект, ноќен клуб, кабаре, дискоклуб, дискоклуб на отворен простор може да врши ако обезбедил согласност од органите на државната управа, надлежен за работите од областа за внатрешни работи дека се исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и безбедност и во сообраќај. Лиценцата, пак, ја издава Министерството за економија по претходно поднесено барање. Сето ова го пишува во законот за вршење на угостителска дејност.

Објектот во кој се случи несреќата бил регистриран за лесна индустрија и така работел 15 години. Ова вчера го кажа министерот за внатрешни Тошкоски. Ова значи дека така функционирал во време на повеќе влади, министри, градоначалници, директори на инспекторати. А зошто досега пазарниот инспекторат не направил проверка како што се спроведуваат сега, Мицкоски одговори.

Според извештајот на економија, во 2023 последно било дадено негативно мислење за добивање на лиценца.

Continue Reading

Македонија

Нови притворени за трагедијата во Кочани

Published

on

За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење на основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица име одреден притвор за „несовено работење“. 

Тошковски, на прес-конференција во МВР денеска информира дека последното задржано лице се терети за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб. 

– Постојат основи, кои што, одат во насока дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круцијални документи, кои што биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во функција за предметното кабаре, изјави Тошковски.

Извршени се, нагласи Тошковски, претреси на две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција… Претреси извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката, а денеска полициски службеници од Одделот за крим полиција и организиран криминал влегоа и во општината, каде како што нагласи Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк