Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Двајца повредени во пожарот пренесени во Полска

by Уредник
18.03.2025
in Uncategorized

Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.

„Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија“, се наведува во објавата.

Претходно, чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва на социјалната мрежа Х објави дека вчера пречекал медицински тим од Чешка да помогне на македонските лекари во лекување на повредените во пожарот во Кочани.

„Нивната брза реакција и експертиза ја одразуваат силната врска меѓу нашите народи. Нашите мисли остануваат со сите засегнати. Стоиме заедно во солидарност во овие тешки времиња“, напиша Лудва во објавата.

Претходно, директорот на ФЗО Сашо Клековски изјави дека над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава.

Како што појасни тој, со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија.

Лекарски тимови од Чешка и Израел им помагаат на нашите лекари, додека тим од Велика Британија денеска ќе пристигне во земјава за да помогне во подготвување на следната фаза – рехабилитација на повредените.

Next Post

Љупчо Зиков: Владата навистина се справува со трагедијата во Кочани, резултати за само 48 часа, полицијата докажа дека ги чисти и сопствените редови

Досега во истрагата за трагедијата во Кочани приведен се 18, задржани се 16 а притвор им е одреден на четири лица

Препорачани Вести

Меколи Калкин открива нови планови за продолжение на легендарниот филм „Сам дома“ : Што да очекуваме?

Меколи Калкин открива нови планови за продолжение на легендарниот филм „Сам дома“ : Што да очекуваме?

2 months ago

СЕ ТРАГА ПО ТРОЈЦА ИСЧЕЗНАТИ МАЛОЛЕТНИЦИ Децата од Скопје се на возраст од 13, 15 и 16 години

12 months ago

Популарни Вести

  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.