Connect with us

Македонија

„Со неправда, со анархија не се носи правда, повикувам на разум, НИКОГО НЕМА ДА ШТИТИМЕ И ОД ВМРО-ДПМНЕ ДА Е, КОЈ ЗГРЕШИЛ ЌЕ ОДГОВАРА“

Published

on

Премиерот на Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање изјави дека го рабира револтот на граѓаните и замоли на разум и дека со неправда, со анархија не се носи правда.

Дали со ова требаше да се справиме? И на ова ќе му дојдеше редот, но за жал тие се капацитетите на Владата. Дали тие што отвараат втора, трета врата ќе ги исполнат техничките услови? Не, нема да ги исполнат, затоа што минимум техничките услови побаруваат многу други услови кои што треба да бидат исполнети. Втора или трета врата не значи дека минимум техничките услови ќе бидат исполнети. Дали тие што ќе ги исполнат минимум техничките услови согласно новите измени во законот кои што мора да следат и за тоа ќе имаме посебна работна група, откако ќе констатираме колку овие лиценци, прво се функционални и важачки; второ, колку се дадени како што се дадени на овој локал во Кочани, бидејќи тој ако ја видите лиценцата ја поседувал до ден пред да се случи овој настан, тој поседувал важечка лиценца издадена на хартија со печат. Печатирана, потпишана, значи да дојде инспекција и да провери тој ќе ја извади лиценцата и ќе рече точно е, овој има лиценца, но ако погледате архивскиот број и проверите во архивата која што ја проверува сега министерот за економија ќе видите дека станува збор за некое барање за некој хотел во Охрид и втората фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститор, нема никаква врска со лиценца, појасни премиерот Мицкоски.

Не е проблем дали некој е политички заштитен, тоа е криминал, тоа е растурен систем, тоа се поединци кои што мислат дека се над системот, тоа е проблемот, вели Мицкоски.

Не е проблем дали некој е политички заштитен, тоа е криминал, тоа е растурен систем, тоа се поединци кои што мислат дека се над системот, тоа е проблемот. Тие денеска се во притвор и за ова ќе одговараат и нема горна граница на пропишаната казна. Го слушнав обвинителот дека ќе барат највисока можна запретена казна, 20 години. Дали тоа ќе ги врати човечките животи? Нема да ги врати, дали ние ќе ги вратиме, нема да ги вратиме, но ова барем да ни биде како опомена. Никогаш да не ни се повторат вакви работи. Да ни биде ова опомена дека ова денес што го правиме ќе има последици во иднина. Сите ние имаме некаква одговорност. Повикувам на разум, ве молам на разум. Со неправда, со анархија не се носи правда. Го разбирам револтот, се разбирам, се можам да понесам, утрото бев таму, знам како ми беше кога го видов приозорот. Со свои очи знам што се случуваше, рече Мицкоски.

Мицкоски во однос на одговорноста за градоначалникот на Кочани, изјави дека тоа ќе утврди обвинителството.

Градоначалникот во својата оставка напиша дека стои позади се и не бега. Денеска колку што знам истражните органи ќе влезат во општината и ќе ги проверат сите документи. Ако вие пледирате дека тој е од ВМРО-ДПМНЕ и го штитиме, не, се лажете. Никого нема да штитиме. Јас да сум, родеа сестра, брат, ќе одговара. Кривична одговорност ќе има за сите. Ако е за морална или политичка одговорност удрете на мене, ќе се справам со секој предизвик, но прво ќе ги поразам како што сум ги поразил многу пати, а потоа граѓаните на избори  граѓаните ќе судат дали и кој треба да сноси одговорност. Само да не шпекулираме и креираме информации кои немаат врска со вистината, и Свети ВМРО да е, ако направи грешка ќе одговара, и тоа сме го покажале и кажале, рече Мицкоски.

Македонија

Уште четворица повредени вечерва од Скопје се префрлаат во Атина

Published

on

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави МИА.

Според информациите, станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина.

Воениот авион од Атина полета за Скопје околу 22:30 часот по локално време, а откако ќе ги преземе повредените, веднаш ќе се врати на воениот аеродром во грчката престолнина.

На ист начин синоќа беа пренесени тројца повредени, на возраст од 22 до 24 години, кои се згрижени во Општата воената болница 401 и се во релативно добра состојба.

Со четворицата кои во Атина ќе пристигнат во текот на ноќта, вкупниот број на пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Грција ќе изнесува 12 – петмина во Солун (тројца во болницата Папаниколау, двајца во воената болница 424) и седуммина во воени болници во Атина.

Слободен Печат

Continue Reading

Македонија

Министерството за здравство со најнови информации за состојбата на пациентите

Published

on

Министерството за здравство информира дека медицинските тимови во здравствените установи во земјава и странство остануваат целосно ангажирани во обезбедување соодветна нега за сите пациенти.

Во болниците низ земјата моментално се хоспитализирани вкупно 75 пациенти, распределени по различни клиники, додека во странство продолжува лекувањето на 67 пациенти.

Според податоците, во Австрија од шестмина пациенти, пет се на интензивно лекување, а еден е префрлен на интерно одделение. Во Литванија четири пациенти се во стабилна состојба на интензивна нега. Петтемина повредени во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Анкара, сега дишат самостојно.

Во Србија се лекуваат 30 пациенти, во Бугарија 14, од кои седум се на интензивна нега, а во Грција осум пациенти покажуваат подобрување.

Министерството за здравство најави дека во текот на ноќта се очекува нови пациенти да бидат упатени во европски медицински центри, изразувајќи благодарност за поддршката од меѓународните партнери.

Continue Reading

Македонија

Досега во истрагата за трагедијата во Кочани приведен се 18, задржани се 16 а притвор им е одреден на четири лица

Published

on

Во досегашниот тек од истражните дејствија во однос на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани досега се приведени 18 а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа, информираше во вторникот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица име одреден притвор за „несовено работење“.

Тошковски, на прес-конференција во Министерството денеска информираше дека последното задржано лице се товари за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб.

„Постојат основи, коишто одат во насока дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круцијални документи, коишто биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во функција за предметното кабаре“, рече Тошковски.

Извршени се, нагласи министерот, претреси кај две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција…

Претреси извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката, а денеска полициски службеници од Одделот за крим полиција и организиран криминал влегоа и во општината, каде како што нагласи Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк