Connect with us

Црна Хроника

Спасен сподели случка со Андреј: БАТКО СПАСЕН ЧУВАЈ МИ МАСИЧКА ЌЕ ТИ ДОЈДАМ ВЕЧЕР, ДОЈДЕ И ГО ЗЕДЕ МИКРОФОНОТ (ВИДЕО)

Published

on

Андреј Ѓоргиески од бендот ДНК го загуби животот во трагичната несреќа во пожарот во дискотеката во Кочани, спасувајќи други животи.

По трагедијата која ја потресе Македонија неговите пријатели се збогуваат на социјалните мрежи.

Пејачот Спасен Силјановски со емотивна објава на социјалните мрежи раскажа случка со Андреј. Објавата ви ја пренесуваме во целост:

“Ми се јави на телефон и ми вели: Батко Спасен чувајми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе….Јас му одговарам: Абе брат шо бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме…Така и бидна, вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар. Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе. Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој.”, стои во објавата на Спасен Силјановски.

Црна Хроника

Се појави нова снимка од влезот на дискотеката во Кочани: Чад, паника и стампедо

Published

on

Страотна нова снимка вечерва објави ТВ21 направена кобната ноќ во Кочани.

Чад, паника и стампедо се случува во дискотеката на смртта.

Ужасно. Ужасно.

Continue Reading

Црна Хроника

Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете

Published

on

Георги Величков, еден од жртвите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, херојски се враќал во објектот неколку пати, обидувајќи се да спаси што повеќе деца, пред да се сруши покривот над него.

Близок роднина на Величков открива потресни детали за неговата смрт.

Тој бил дел од групата која го славела раѓањето на дете и неколку пати се враќал во дискотеката за да извлече луѓе од огнот. Последниот пат, кога влегол повторно во објектот, се случила трагедијата – паднал покривот и го удрило струја. Неговиот татко го препознал по бурмата што ја носел. Георги зад себе остави двомесечно дете.

Овој шокантен настан беше раскажан од негов роднина за „Информер“.

Continue Reading

Црна Хроника

СВР Битола: 73 годишен Грк пронајден починат во автомобил на паркинг во Битола

Published

on

На 18.03.2025 во 00.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во патничко возило „сузуки” со грчки национални ознаки на паркинг простор на булевар „1 Мај “ во Битола, бил пронајден починат Ј.П. (73) од Република Грција.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк