Connect with us

Црна Хроника

ВИДЕО: Еден од осомничените ја крши задната врата за да се излегува од диското

На социјалните мрежи се објави видео, за кое се тврди дека еден од осомничените, кој работел како обезбедување, ја крши задната врата за да се излегува од диското на кобната ноќ во дискотеката во Кочани.

Во описот на видеото е напишано „Херој“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian (@christian_kocev_)

Advertisement

Црна Хроника

Кривична пријава за поранешен директор – Финансиска полиција со детали

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против С.С., поранешниот директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., раководител на сектор во истото претпријатие, поради сомнение за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Според пријавата, С.С., во периодот од 2019 до 2023 година, не постапил согласно своите овластувања и должности, пропуштајќи да иницира и даде налог за поднесување тужби за наплата на побарувања од физички и правни лица за користена вода, подигнат смет и закуп на простории. Како резултат, дел од побарувањата застареле и претпријатието не можело да ги наплати.

Второпријавениот М.К., раководител на секторите за општи, правни и финансиски работи, не воспоставил соодветен систем на интерна контрола и не доставувал редовни предлози за поведување постапки за присилна наплата до директорот.

Со овие дејствија, според финансиската полиција, причинета е штета на буџетот на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево во износ од 7.588.894 денари.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници – МВР со детали

На 14/15.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Е.(19) од с.Кондово, скопско, Т.П.(42), С.Б.(27), Б.Б.(37), Ф.Ч.(33), И.А.(37) и двајца 16-годишници, сите од Скопје.

Приведени се затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и нож.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Хорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 23.05.2025 на локалниот пат с.Џепчиште- с.Једоарце, тетовско, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг