Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Д-р Беќаровски за сведоштва на пациентите хоспитализирани на Токсикологија: „Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените“

by Уредник
19.03.2025
in Uncategorized
Д-р Беќаровски за сведоштва на пациентите хоспитализирани на Токсикологија: „Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените“

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија сподели сведоштва на преживеаните во трагичниот пожар во Кочани, кои моментално се лекуваат на неговата клиника.

На Универзитетската клиника за токсикологија се хоспитализирани околу дваесетина млади пациенти кои го преживеале ужасот во Кочани.

Во продолжение, ви го пренесуваме неговиот целосен статус објавен на Фејсбук:

„РАНИ НА МЛАДИТЕ НЕДОЛЖНИ ДУШИ

На Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади страдалници од хоророт кој го доживеаа во таканаречениот кабаре бар.

Од една страна среќни што сепак извлекле жива глава, задоволни што поминале со некоја полесна изгореница, сe уште со по некој гареж во нивните гради.

Но секој од нив има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале тие 10-30 минути.

Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности.

Тие раскажуваат, нас солзите сами нѝ навираат.Ова се дваесетина индивидуални драми, но секој од тие петстотини невини фиданки, има своја приказна, своја лична траума. Драми кои не може да ги креира ниту Холивуд.

Физичките трауми ќе зараснат или ќе остават трајни физички дефекти, но душевните трауми уште долго или доживотно ќе бидат нивен следбеник.

Ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник.

ЗОШТО ???

“За туѓи бели дворови,

копај си црни гробови”“, стои во статусот на Д-р Беќаровски.

Next Post

Обвинителството бара продолжување на притворот за нови 48 часа

За спортската сала во Охрид

Препорачани Вести

Полицијата приведе возач во Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол па удрил во дрво

Полицијата приведе возач во Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол па удрил во дрво

8 months ago

МАКЕДОНСКАТА GREEN MACHINES ЈА ЗАЦВРСТУВА ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА ВО САД

7 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.