Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Не сте сами“: Преживеани од пожарот во романската дискотека „Колектив“ нудат помош за настраданите во несреќата во Кочани

by Уредник
19.03.2025
in Uncategorized

Трагедијата во дискотеката во Кочани им ги врати лошите сеќавања на преживеаните од пожарот во „Колектив“

Пред 9 години, 28 млади лица го изгубиле својот живот во пожар во дискотеката „Колектив“ во Букурешт, додека повеќе од 100 лица биле повредени. Романските власти, немајќи никакво искуство со катастрофа од ваков тип, не знаеле како да се справат со целата ситуација. Поради тоа, уште 36 лица починале во болниците. Доцна започнале со трансфери до Центри за изгореници надвор од Романија, дури и предоцна за многумина од повредените.

Трагедијата во дискотеката во Кочани им ги врати лошите сеќавања на преживеаните од пожарот во „Колектив“, па и тие ја изразија својата поддршка за настраданите и ја понудија својата помош. Еден од нив е Михаи Гречеа, кој на својот фејсбук-профил секојдневно споделува статуси на оваа тема:

„Им го изразуваме нашето сочувство на семејствата и пријателите на починатите.

Подоцна треба да мислиме на тоа кој е виновен. Сега е време да им се помогне на преживеаните!

Луѓето со изгореници од пожар имаат временска рамка од 48 до 72 часа за да бидат безбедно пренесени во специјализирани болници, односно Центри за изгореници. За да се случи ова, треба да бидат прегледани од специјалисти, бидејќи нивните животи зависат од тоа.

Во овие критични времиња на страдање и неизмерна болка, ве охрабруваме да доведете тим од доктори специјализирани за третирање сериозни изгореници, кои можат да ги направат овие проценки и да спасат што е можно повеќе животи.

Како луѓе што се соочиле со слична трагедија, ја чувствуваме вашата тага и несигурност на многу длабоко лично ниво. Трогнати сме од тоа колку брзо исконтактиравте и ја прифативте помошта од други земји, давајќи им предност на повредените над сè друго. Во вакви времиња, границите се безначајни, важна е само хуманоста.  

Тука сме за вас, не само со зборови, туку на кој било начин. Сочувствуваме со семејствата кои изгубиле некој и се надеваме на најдоброто за оние кои се борат да преживеат. Нека закрепнат, нека им се вратат на саканите и нека не биде залудна оваа трагедија.

Сочувство од преживеаните од пожарот во клубот ‘Колектив’, 30 октомври, 2015“

Во друг статус Михаи Гречеа посочува дека и покрај трагедијата што се случила во неговата земја, Романија сè уште на располага со Центри за изгореници, 9 години по случајот во „Колектив“.

„Нашата економија е значајна во овој дел од Европа и би требало да сме способни да научиме нешто од оваа трагедија.

Но Романија сè уште може да направи нешто конкретно за да ѝ помогне на Македонија. Во овој случај, властите во Скопје бараат интернационална помош за брз трансфер на пациентите со сериозни изгореници во центри за изгореници низ Европа, Романија може да помогне околу трансферот на овие пациенти со воздухопловството на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, како и со медицинските тимови кои имаат стекнато големо искуство во оваа област последниве години“, посочува Михаи.

Next Post

Тензии и инциденти на протестите на турските студенти по апсењето на Екрем Имамоглу

Спасени двајца Чеси кои заглавиле во снегот на Галичица

Препорачани Вести

Радиоактивна вода од британска база за нуклеарно оружје испуштена во морето поради неодржување

Радиоактивна вода од британска база за нуклеарно оружје испуштена во морето поради неодржување

5 months ago
Апел до граѓаните: Оставете вода за уличните животни во периодот на високи температури

Апел до граѓаните: Оставете вода за уличните животни во периодот на високи температури

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.