Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Објавено времето и местата на погребите на членовите на ДНК

by Уредник
19.03.2025
in Uncategorized

Членовите на бендот ДНК кои починаа од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат погребани во текот на утрешниот ден. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче.

Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица.

Од семејството на Андреј Ѓорѓиески соопштија дека погребот ќе биде во 10 часот, а од Факултетот за музичка уметност (ФМУ) на нивната фејсбук страница објавија дека погребот на Пројковска ќе биде на гробиштата во Лисиче во 12 часот.

– Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Петар и Павле“ во Лисиче, објавија од ФМУ.

Од Основното музичко училиште „Боро Џони“ каде Ѓорѓиев беше вработен ја потврдија информацијата дека тој ќе биде погребан на градските гробишта во Струмица. Претходно, посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот, а утре во 10 часот вработените во музичкото училиште ќе одржат комеморативна седница.

Во црквата во штипско Ново Село, телата на Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои беа дел од бендот на ДНК, ќе бидат изложени од 9 до 11 часот, а во истото време телото на Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, ќе биде изложено во црквата „Света Троица“ во Штип.

Next Post
„Ја закопавме маме, сега тебе, која судбина ја имам“, емотивна објава на Марија за нејзината сестра Лепа

„Ја закопавме маме, сега тебе, која судбина ја имам“, емотивна објава на Марија за нејзината сестра Лепа

Таткото на Вања: Зошто ми го убивте детето?

Таткото на Вања: Зошто ми го убивте детето?

Препорачани Вести

Шпанија најавува бојкот на Евровизија ако учествува Израел

Шпанија најавува бојкот на Евровизија ако учествува Израел

5 months ago

Адем Чучуљ со највисока оценка за нов претседател на ДКСК

2 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.