Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Париз: Путин постави нереални услови за прекин на огнот

by Уредник
19.03.2025
in Uncategorized

Рускиот претседател Владимир Путин постави „услови кои не изгледаат реални“ за прекин на огнот во Украина, особено барањето за суспензија на западната воена помош за Киев, изјави портпаролката на француската влада Софи Прима, еден ден по разговорот на шефот на руската држава со неговиот американски колега Доналд Трамп, пренесоа француските медиуми.

„Владимир Путин постави услови кои не изгледаат реални, барем за Европејците и Украинците, особено суспензијата на сета помош на Западот за Украина“, рече таа по состанокот на француската влада. „Има уште долг пат“, нагласи таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Володимир Зеленски предложија првично едномесечно примирје за инфраструктурата за вода, воздух и енергија. САД и Украина подоцна формулираа заедничко 30-дневно примирје кое не беше прифатено по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин.

Портпаролката Прима, исто така, фрли сомнеж во реалноста на делумното примирје, наведувајќи дека украинските енергетски капацитети биле подложени на руски удари изминатата ноќ.

„Разговор меѓу претседателот Трамп и претседателот Путин не може да заврши со договор додека самите Украинци не бидат дел од дискусијата и додека Европејците не бидат дел од дискусијата“, нагласи таа.

За таа цел, Макрон секојдневно разговара по телефон со Трамп, со Зеленски и со неговите европски колеги, истакна таа.

Next Post

„Не сте сами“: Преживеани од пожарот во романската дискотека „Колектив“ нудат помош за настраданите во несреќата во Кочани

Тензии и инциденти на протестите на турските студенти по апсењето на Екрем Имамоглу

Препорачани Вести

БИЛ Гејтс се откажува од богатството – децата нема да добијат НИШТО, сè оди во Африка!

8 months ago

Барди погоди против Трабзонспор, но остана без прослава

10 months ago

Популарни Вести

  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 38% од тинејџерите пробале цигара: Какви забрани воведува новиот закон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата откри оружје и други предмети во викендица – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен режим на сообраќај во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.