Connect with us

Црна Хроника

По убиството Палчо запали цигара и отвори телефон, тогаш виде колкава врева се кренало, сведочи Манев

Published

on

Кога Палчо ја уби Вања не бев далеку туку на десетина метри. Го видов како го носи перничето и ја пука, продолжи денеска со своето сведочење за убиството на Вања Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев.

Потоа извади нови алати од пикапот и не натрера да ископаме дупка и да ја закопаме. Единствено преместување на телото е кога ја стававме во дупката. Ја копавме околу 20 минути, а за тоа време телото на Вања не го мрдавме се додека не ја ставивме внатре. Пред да ја преместиме беше во вреќа, ја извади и фрли во колата на Жежовски. Лопатите ги фрливме попат кога одевме кон Глуво со колата на Панче. Лопатата пред да ја фрли, Палевски ја чистеше. И рачката и металот и ги прскаше со ВД-40 за да се сокријат трагите. Подзастанаа и Кешишев ги фрли алатите во долот, објасни детално обвинетиот.

По убиството, Палчо запалил цигара и отворил телефон.

Тогаш виде што се случува на интеренет и колку врева се кренало, додаде Манев.

Македонија

10 пациенти пуштени на домашно лекување

Published

on

Министерот за здравство, Арбен Таравари потврди дека денеска на домашно лекување се пуштаат 10 пациенти.

„Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат 25 пациенти, во „8 септември“ се 12, во Градска општа болница 11 и во Штип 1 пациенти. Исписи имаме еден пациент од Штип, еден од Детска Хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во Систина и Жан Митрев се лекуваат 10 пациенти, од нив 5 денеска се испишуваат“, порача Таравари.

Continue Reading

Црна Хроника

Колешка на Панчо откри детали за неговата состојба – пријателите се молат за неговото здравје

Published

on

Пејачката Тијана Дапчевиќ ја откри моменталната состојба на музичарот

Жртвите од пожарот во Кочани беа погребани денеска, а целиот регион остана во солзи.

За време на концертот на групата ДНК се случи голем пожар, во кој загинаа 59 лица. Страшни сцени го обиколија светот, а меѓу оние кои успеаја да се спасат имаше и 170 лица кои се здобија со полесни и тешки повреди. Беше дадена помош на многу луѓе во европските земји.

Владимир Блажев Панчо беше префрлен во скопската клиника Систина каде е поставен на интезивна нега, по пожарот кој изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше со бендот.

Претходно беше објавено дека тој има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен.

Пејачката Тијана Дапчевиќ ја откри моменталната состојба на музичарот, пренесува српски Ало.

– Владимир Блажев Панчо е надвор од животна опасност фала Богу и последната информација што ја добив е дека се опоравува. Се уште е критично, но се опоравува – потврди Дапчевиќ, пренесува Ало.

Потсетуваме, трагедијата во Кочани што ја зави цела Македонија во црно се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март околу 03.00 часот наутро.

Трагедијата се случи на концертот на ДНК, кога пиротехниката го зафати и запали кровот, по што пожарот се прошири за само неколку минути, а од досегашната истрага, местото имало само една отворена врата.

Покрај Андреј кој загина на лице место во пожарот, и тоа откако се вратил за да им помогне на другите, згасна животот на уште седум млади музичари од групата ДНК. Меѓу настраданите лица од пожарот се и тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски кој исто така беше дел од ДНК.

Во страшната несреќа загинаа најмалку 59 лица, а повредени се речиси 200 кои моментално се наоѓаат на лекување во болници.

Извор: Гламур.мк

Continue Reading

Црна Хроника

Трагедија вечерва во Куманово- човек загина при експлозија на плинска боца

Published

on

brza pomos

Кумановец загинал при експлозија на плинска боца што вечерва се случила во населбата Перо Чичо.

– На 20.03.2025 во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово.

– Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек, додаваат од полицијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк