Connect with us

Македонија

„Да се казнат веднаш“: Таравари за возачите кои го возат а погрешно паркираат

Published

on

„Треба да ги казнат веднаш“, беше одговорот на министерот на новинарско прашање зошто возилата на министерскиот кабинет се непрописно паркирани.

Министерот Арбен Таравари вчера беше во Куманово, а новинари го потсетија дека додека тој дава изјава, возилата на министерскиот кабинет биле непрописно паркирани. (С.П.)

Македонија

Љатифи Азизи: Правдата ќе биде задоволена, Владата е решена да ја обелодени вистината, ќе има одговорност за сите инволвирани во трагедијата

Published

on

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Трагедија на Кочани, која ги однесе животите на 59 млади луѓе, остави длабока и незаменлива болка низ нашата земја.

Овој трагичен настан нè трогна сите нас, соединувајќи нè во длабока тага и болка што ги надминува зборовите. Ништо не може да ја избрише оваа загуба, ниту една утеха не може да ја пополни оваа празнина.

И додека денеска е последниот ден на национална жалост, периодот во кој нашата земја ги почитуваше загубените животи, посветеноста и ангажирањето на Владата да ги поддржи директно погодените и да ја открие вистината за оваа трагедија ќе продолжи со невиден интензитет.

Владата на Северна Македонија презеде итни мерки за да обезбеди целосна поддршка на сите погодени од оваа трагедија. Покрај оние кои се лекуваат во нашите болници, досега 116 пациенти се лекуваат во странски болници и ги придружуваат 188 членови на семејствата, а сите трошоци ги покрива државата. Државата ги покрива сите трошоци кои вклучуваат: патување, сместување и нивните дневни потреби.

Исто така, за секој погоден од оваа трагедија, Црвениот крст не информираше дека ќе им додели парични средства на семејствата од 150.000 денари, а распределбата ќе започне од утре, понеделник.

Ова е непосредна заложба да се осигура дека ниту едно засегнато лице нема да остане без поддршка.

Во меѓувреме, истрагата за овој трагичен настан продолжува со целосна посветеност и голем ангажман од сите одговорни институции. Владата е решена да ја обелодени вистината и да се погрижи сите кои се одговорни да одговараат за своите постапки. Никој нема да може да се сокрие и правдата ќе биде задоволена.

Исто така, сакаме да нагласиме дека нашата земја во овие тешки денови доби поддршка и од меѓународните партнери. Тие го изразија своето сочувство и понудија извонредна помош, докажувајќи дека солидарноста не познава граници. Оваа солидарност е моќен потсетник дека не сме сами во трагедијата и дека нашата сила лежи во единството и заедничката грижа.

Во оваа голема болка, Ве уверуваме дека не сте сами. Државата ќе стои покрај вас, не само денеска, туку до крајот на овој процес, каде што ќе расветлиме буквално сѐ.

Заедно, посветено и солидарно ќе работиме за посилна, поправедна и побезбедна Македонија за сите граѓани!

Continue Reading

Македонија

Ова ли е тоа дипломатски имунитет?

Published

on

Continue Reading

Македонија

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Published

on

Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 22.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности. Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк