Connect with us

Црна Хроника

Колешка на Панчо откри детали за неговата состојба – пријателите се молат за неговото здравје

Published

on

Пејачката Тијана Дапчевиќ ја откри моменталната состојба на музичарот

Жртвите од пожарот во Кочани беа погребани денеска, а целиот регион остана во солзи.

За време на концертот на групата ДНК се случи голем пожар, во кој загинаа 59 лица. Страшни сцени го обиколија светот, а меѓу оние кои успеаја да се спасат имаше и 170 лица кои се здобија со полесни и тешки повреди. Беше дадена помош на многу луѓе во европските земји.

Владимир Блажев Панчо беше префрлен во скопската клиника Систина каде е поставен на интезивна нега, по пожарот кој изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше со бендот.

Претходно беше објавено дека тој има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен.

Пејачката Тијана Дапчевиќ ја откри моменталната состојба на музичарот, пренесува српски Ало.

– Владимир Блажев Панчо е надвор од животна опасност фала Богу и последната информација што ја добив е дека се опоравува. Се уште е критично, но се опоравува – потврди Дапчевиќ, пренесува Ало.

Потсетуваме, трагедијата во Кочани што ја зави цела Македонија во црно се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март околу 03.00 часот наутро.

Трагедијата се случи на концертот на ДНК, кога пиротехниката го зафати и запали кровот, по што пожарот се прошири за само неколку минути, а од досегашната истрага, местото имало само една отворена врата.

Покрај Андреј кој загина на лице место во пожарот, и тоа откако се вратил за да им помогне на другите, згасна животот на уште седум млади музичари од групата ДНК. Меѓу настраданите лица од пожарот се и тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски кој исто така беше дел од ДНК.

Во страшната несреќа загинаа најмалку 59 лица, а повредени се речиси 200 кои моментално се наоѓаат на лекување во болници.

Извор: Гламур.мк

Црна Хроника

Денес небото слави роденден – потресна објава за младиот голман од Штип кој почина во дискотеката „Пулс“

Published

on

На социјалните мрежи бројни роднини, пријатели на неговите родители и негови врсници се збогуваа во изминативе неколку дена од него, а сега се појави и емотивна објава за неговиот роденден…

Дамјан Танески роден 2006 година кој настрада во пожарот во Кочани не го дочека својот роденден кој требаше да го слави денес.

Ова момче од Штип беше успешен голман, но неговиот живот згасна на 18-годишна возраст, неколку дена пред роденденот.

На социјалните мрежи бројни роднини, пријатели на неговите родители и негови врсници се збогуваа во изминативе неколку дена од него, а сега се појави и емотивна објава за неговиот роденден.

Небото има се, ние ништо. Небото слави, ние жалиме – со овие зборови завршува тажната објава за ова младо момче.

 

Continue Reading

Црна Хроника

Поради недоразбирање 51-годишен маж ја истепал сосетката со тврд предмет

Published

on

Вчера во 15.30 часот во с.Инџиково, скопско, полицијата го уапсила 51-годишниот Б.В. од с.Инџиково откако бил пријавен дека претходно околу 13.30 часот по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата сосетка О.М.(81) при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, иформираат од полицијата.

Continue Reading

Црна Хроника

Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк!

Published

on

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале во продажба на околу 5 килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот.

Три килограми од дрогата се договориле да ја продадат на купувач – грчки државјанин за сума од 9.000 евра. При обид да ја продадат дрогата на локација во Дојран, полициски службеници ги затекнале. На лице место биле уапсени двајца од осомничените, додека третиот се дал во бегство, но набрзо и тој бил приведен.

Дополнително, во близина на Богданци е пронајдена преостанатата дрога која им била наменета за продажба.

Со образложение дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците или соучесниците, да ги сокријат или да ги уништат трагите од кривичното дело, но и дека ќе го повторат делото за кое се гонат, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк