Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

by
2025/03/20 15:43:15
in Uncategorized

Две јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во стратотниот пожар во ноќниот клуб во градот Кочани, Македонија, кои се очекува да пристигнат наскоро, објавија дневните шпански весници ABC Madrid и 20Minutos повикувајќи се на информација потврдена од портпаролот на Владата на Шпанија Михел Анхел Гарсија Мартин.

Од македонското Министерство за здравство ја потврдија информацијата за МИА.

Како што наведува ABC Madrid, станува збор за болниците во Ла Паз и Хетафе кои ќе ги отворат вратите за овие седум пациенти кои се тешко повредени во пожарот што во кочанската дискотека „Пулс“ минатата недела, на барање на македонските власти.

Од седумте трансфери кои се очекуваат наскоро, петмина ќе одат во болницата во Ла Паз и двајца во болницата Гетафе, која е меѓународно признат центар за лекување на изгореници. Пристигнувањето на овие пациенти се очекува набргу, а болниците имаат сè подготвено за нив.

-Бројот на загинати во овој инцидент е над 50, а бројот на повредени надминува 150. Од пламените јазици или чадот загинаа млади луѓе, меѓу кои и 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров. Тој, како и другите, загина обидувајќи се да спаси други луѓе во ноќниот клуб, пишува шпанскиот весник во вчерашното издание.принтскрин

Изданието 20Minutos, наведува дека одделенијата за изгореници во јавните болници во Ла Паз и Хетафе во наредните денови ќе примат седум лица од Македонија кои беа тешко повредени во пожарот што избувна за време на забава во ноќен клуб во североисточниот град Кочани минатиот викенд. Овој трагичен инцидент ги однесе животите на речиси 60 лица, 155 лица беа повредени во различен степен, а доведе до 15 апсења поради неререгуларните услови во ноќниот клуб.

„Заедницата на Мадрид, која ги надгледува двата здравствени комплекси, оваа среда објави дека ќе има евакуации во наредните денови бидејќи на повредените им е потребна итна нега. Ова го соопшти министерот на Претседателството, Михел Анхел Гарсија Мартин, кој објасни дека регионот на тој начин се става на располагање на погодените од пожарот и на македонските власти кои го активираа механизмот за цивилна заштита на Европската унија за да побараат евакуација на 15 повредени лица со сериозни изгореници. Болниците Ла Паз и Хетафе имаат национално и меѓународно признати единици за грижа на овие пациенти, и затоа се отворени за процесирање на приеми. Од седумте лица кои ќе пристигнат во Шпанија, пет ќе бидат примени во комплексот Фуенкарал, а двајца во оној што се наоѓа јужно од главниот град“, наведува  20Minutos.

Next Post

Јован Костадинов спаси 21 живот, а за една мајка тој е чудото што го спаси нејзиниот син: „Тебе ти должам ново утро, нова насмевка, нова надеж и нов живот“

Дебар не го заборава Андреј!

Препорачани Вести

„Собравме 12 милиони денари за помалку од една недела“ – Со Иван Ивановски за иницијативата „Поддржи го Кочани“

9 months ago

Трамп: Ако не успеат преговорите за нуклеарната програма, Иран ќе биде бомбардиран

9 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.