Connect with us

Балкан

СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ ВО ТУРЦИЈА ПО АПСЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ

Published

on

На Имамоглу му е одреден притвор во истрага за корупција. Обвиненијата против Имамоглу вклучуваат сомнение за членство во криминална организација, изнуда, поткуп, измама, местење тендери и помагање на забранетата терористичка група Курдска работничка партија (ПКК).

Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“.

Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и други високи членови на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП).

На Имамоглу му е одреден притвор во истрага за корупција. Обвиненијата против Имамоглу вклучуваат сомнение за членство во криминална организација, изнуда, поткуп, измама, местење тендери и помагање на забранетата терористичка група Курдска работничка партија (ПКК).

Дел од студентите во Истанбул се судрија со интервентната полиција, а голем дел од нив маршираа до Општината, додека главниот турски синдикат ги повика членовите да излезат пред полициската станица, каде е притворен Имамоглу.

И на протестите во Анкара имаше судири со полицијата, а приведени се демонстранти.

Одлуката за негово приведување доаѓа откако Универзитетот во Истанбул објави дека ја поништува неговата диплома поради неправилности. Овој потег, кој се случува само неколку дена пред ЦХП да го избере за свој кандидат на следните претседателски избори, претставува сериозен удар за опозицијата. Според турските закони, без валидна факултетска диплома, Имамоглу не може да се кандидира за претседател.

Имамоглу оцени дека одлуката на Универзитетот е незаконска и дека ќе ја оспори на суд.

Според соопштението на Главното државно обвинителство, истрагата против Имамоглу е поврзана со наводни незаконски тендери и случаи на поткуп.

Имамоглу, кој во 2019 година беше избран за градоначалник на Истанбул, е еден од најголемите политички ривали на актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Следните претседателски избори се планирани за 2028 година.

Утринава 37 лица се приведени во Турција под сомнение дека објавиле провокативни коментари на социјалните мрежи за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, кои поттикнуваат злосторства и омраза, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Според него, турските власти идентификувале 261 контроверзна сметка на социјалните мрежи, од кои 62 се од странство. Министерот додаде дека во првите 24 часа по апсењето на Имамоглу, на социјалната мрежа Х биле споделени повеќе од 18 милиони објави за настанот.

Балкан

ВИДЕО: Хаос на улиците во Ниш – ескалираа протестите, нападнат градоначалникот

Published

on

Во инцидентите се повредени повеќе лица, кои, според сведоци, биле погодени со камења.

Вечерва во Ниш дојде до сериозно нарушување на јавниот ред и мир, кога група граѓани, за кои се верува дека се поддржувачи на студентските блокади и опозициските протести, извршија насилен напад на неколку локации во градот.

Во инцидентите се повредени повеќе лица, кои, според сведоци, биле погодени со камења.

Насилството не го поштеди ниту градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, кој исто така бил физички нападнат.

Засега не е познат точниот број на повредени. Итната помош интервенирала на терен, а полицијата го обезбедува градското јадро.

Од надлежните институции се очекува официјално соопштение во текот на вечерта, а граѓаните се повикуваат на смиреност и воздржаност.

ВИДЕО

Continue Reading

Балкан

Грција: Дете се задушило јадејќи портокал на училиште, лекарите се борат да го спасат

Published

on

Лекарите во Грција се борат за животот на деветгодишно момче, кое почнало да се гуши додека јадело портокал за време на ручекот во училиште, пишува „То вима“.

Според медиумите, инцидентот се случил околу пладне во основно училиште во Лариса. Среќа што наставниците брзо реагирале и веднаш повикале екипи за итна помош.

По пристигнувањето на лекарите, било утврдено дека детето не дише. Извршена е реанимација, по што момчето веднаш било пренесено во болница.

Детето е во критична состојба и е хоспитализирано на одделението за детска интензивна нега.

Continue Reading

Балкан

Студентите во Ниш ќе собираат утре парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Published

on

Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, јави МИА.

Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време – ќе собираат пари за помош на семејствата на повредените во пожарот во Северна Македонија.

Според неформалната група студенти во Ниш, најпрвин ќе им оддадат почит на жртвите во Нови Сад со 15-минутно молчење од 11:52 до 12:07 часот.

При посетата на изложбата, студентите напоменуваат дека тогаш ќе собираат парична помош за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, а ќе биде поставена и кутија за донации. Тие упатија повик до сите граѓани кои ќе дојдат да донираат барем симболична сума која ќе биде проследена до семејствата на повредените во пожарот во Кочани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк