Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

УАКС тагува за студентката Ана: „Засекогаш ќе останеш дел од нашите срца и од нашата приказна“

by Уредник
20.03.2025
in Uncategorized
УАКС тагува за студентката Ана: „Засекогаш ќе останеш дел од нашите срца и од нашата приказна“

Од Универзитетот Американ Колеџ, Скопје во објава на социјалната мрежа фејсбук се збогуваа со нивната драга студентка Ана.

Тие велат Ана ќе ја паметиме по нејзината добрина која несебично ја делеше со сите оние кои ја познаваа, нејзината топлина како човек и пријател, но и по нејзината амбиција, таленти и љубов која ја имаше за сите и за сѐ што правеше.

„Денес, со тешко срце се збогуваме со нашата драга Ана, наша студентка, другарка и член на УАКС семејството. Неизмерно тагуваме по огромната загуба на нејзиниот млад живот исполнет со многу светлина, која нѐ грееше сите нас секојдневно.

Ана ќе ја паметиме по нејзината добрина која несебично ја делеше со сите оние кои ја познаваа, нејзината топлина како човек и пријател, но и по нејзината амбиција, таленти и љубов која ја имаше за сите и за сѐ што правеше. Нејзиното присуство беше вистинско богатство за сите што имаа чест да ја познаваат. Нејзиното отсуство пак, ќе е гласно и ќе го чувствуваме сите многу долго и длабоко.

Во овие моменти на огромна тага, нашите мисли се со нејзиното семејство, пријатели и сите оние кои ја познаваа и кои ја сакаа. Споменот на нашата Ана нека биде она што ќе ни даде сила да бидеме солидарни, да подадеме рака и да бидеме поддршка за оние на кои најмногу им треба.

Во отворената Книга на жалост, денес, а и во деновите што следат, ќе ги запишеме нашите мисли и молитви и ќе ја спомнеме нашата другарка.

Почивај во мир, мила наша Ана. Засекогаш ќе останеш дел од нашите срца и од нашата приказна. Твој УАКС“, велат оттаму.

Next Post

Најмладите имаат 16 години – објавена возраста на загинатите во дискотеката во Кочани

Ова се најмоќните и најбогатите хороскопски знаци

Ова се најмоќните и најбогатите хороскопски знаци

Препорачани Вести

ЦИКЛОН ОД ЏЕНОВА НИ НОСИ ВИСТИНСКА ЕСЕН: Многу дожд и ладно време!

Студен бран и повеќе дождови: Есенва ќе биде нестабилна и променлива

3 months ago
Украинците ги објавија официјалните бројки: Колкави се загубите на Русија? Досега бројките се загрижувачки

Психички и физички болни мажи на бојното поле во Украина – зошто завршуваат војници?

6 months ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп се гордее со младите шампиони – Лука Најдоски е инспирација за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кросето ја исмеа мисијата во Гренланд, Италија вели „не“ на симболични потези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче предлага нов прв човек на ДИК, Кондарко останува член

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отворена Светската купа во сноуборд 2026 во Банско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: предизвиците и надежите на македонското малцинство во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.