Connect with us

Македонија

Се огласи сопругата на Бектеши

Published

on

Сопругата на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши се огласи на социјалните мрежи откако нејзиниот сопруг е еден од притворените како инволвиран во трагедијата во кочанската дискотека. Илка Каба-Бектеши изрази сочувство до семејствата на настраданите и вели дека е скршена од болка.

Таа вели дека Крешник го пуштиле да си оди дома, но кога се подготвил да излезе од станица, му кажале дека му одредуваат 24-часовна мерка.

„Посакувам Господ да даде сила да ја поднесеме болката на семејствата на загинатите, сите што се лекуваат во и надвор од државата се во нашите молитви.
Душата ми ја изгоре веста за возачот на Итната помош, чие срце застана по таа страшна ноќ, се молам за момчето херој што спаси 21 живот, без да размислува за себе.
Tага за бендот, кој го остави рефренот на половина пат, сите тие мајки што се молат да не е тоа реалноста, толкава болка.
И кога политиката на земјата ја користи оваа трагедија во страшен ден, во ден на жалост, за политички пазарења, тоа е надвор од секакви човечки норми.
Најпрвин да разјасниме една работа: Крешник не бил уапсен, тој по повикот што го доби од полициската станица, отиде по своја волја.

По 3 минути откога се спрема за излегување, се најавува дека ќе биде осуден на 24 часа, без никакво предупредување или присуство на бранителот, го носат Крешник со врзани раце пред медиумската јавност. Едно можете да бидете сигурни – дека народот не може да се дефокусира од вистинските виновници.

За да се добие согласност од Министерството за економија, првин потребна е согласност од Општина Кочани, Министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат, па конечно доаѓа Министерството за економија.
Медиумските наслови за апсењето на поранешниот министер се дефокусираа од вистинските виновници, почит кон медиумите што по секоја цена ја пренесуваат вистината.
Адвокатот синоќа ме извести дека обвинителот побарал затворска казна од 30 дена за Крешник.
Сега сѐ почнува за мене како сопруга, како мајка на децата на Крешник. Растевме рамо до рамо во секоја димензија, ова ќе биде само предизвик уште еднаш да си докажеме дека сме го направиле вистинскиот избор.
Главата горе, Крешник, Хана и Трими се гордеат со тебе, знаат дека тато има бело срце, бело како крилјата на пеперутката на која ти ѝ помогна во дворот. Ние сме со вас и за сите вас“, порача сопругата на Бектеши на социјалните мрежи.

Македонија

Вработен во УЈП заработи кривична пријава, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

Published

on

Кривична пријава за вработен во УЈП, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’. На 21.01.2025, пријавениот – вработен во регионалната дирекција на УЈП – Тетово, искористувајќи ја својата положба и овластување, го известувал менаџерот во казино во Тетово и оддавал службени информации за планираните контроли во казиното.

Continue Reading

Македонија

674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава, 252 за непрописно паркирање

Published

on

674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава, 252 за непрописно паркирање.

Во текот на вчерашните (25.03.2025) активности на полициските службеници во насока на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 674 платни налози.

Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 175, како и прекршоците по основ на возење без возачка дозвола 41.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за неносење сигурносен појас, две мерки за возачи на мотоцикл поради неносење заштитна кацига, 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, исклучени од сообраќај биле 12 нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Continue Reading

Македонија

Стентон Градба донираше седишта за фудбалскиот стадион во Општина Новаци

Published

on

Општина Новаци доби значајно унапредување на својот фудбалски стадион благодарение на донацијата од градежната компанија Стентон Градба. Компанијата донираше 500 нови седишта за трибините, во вкупна вредност од 10.000 евра, со што значително се подобрија условите за спортските натпревари и настани во општината.

Поставувањето на новите седишта претставува дел од иницијативата за модернизација на спортската инфраструктура во регионот, а локалните власти изразија благодарност за поддршката што ја добија од приватниот сектор.

Компанијата Стентон Градба ја истакна својата заложба за поддршка на локалните заедници и спортот, најавувајќи дека и во иднина ќе продолжи со вакви хумани и развојни иницијативи.

„За нас е чест и привилегија да дадеме свој придонес кон унапредување на спортските капацитети во Општина Новаци. Вложувањето во спортот значи вложување во иднината на младите генерации, а нашата компанија секогаш ќе биде поддржувач на вакви проекти“, изјавија од менаџментот на Стентон Градба.

Со оваа инвестиција, спортските ентузијасти во Општина Новаци добија подобрени услови за следење на натпреварите, што дополнително ќе придонесе за развојот и популаризацијата на фудбалот во регионот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк