Connect with us

Република

ЗАЕДНИЧКИ ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ НА ПРОВЕРКА ВО БИТОЛСКИТЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ

Деновиве, во рамките на законските надлежности, истовремено во соработка со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, општина Битола презема низа активности во однос на контрола на угостителските објекти во градот.

1.Општинскиот инспекторат од почетокот на работната недела на терен врши проверка на сите категоризирани објекти на физички лица што се под општинска надлежност дали ги исполнуваат минимално техничките услови согласно правилникот за минимално технички услови донесен од министерот за економија и дали ги поседуваат сите документи потребни за дејноста. Доколку им недостига одреден документ, имаат даден рок за обезбедување, во спротивно, ако не ги обезбедат ќе бидат избришани од регистарот за вршење на угостителска дејност.
Според Законот за угостителска дејност, за физичките лица, општината е надлежна да издаде категоризација за конфекционирани угостителски услуги во наменски подвижни објекти, угостителски услуги за сместување и исхрана во куќи, угостителски услуги во апартмани и соби за одмор, угостителски услуги во селски домаќинства и угостителски услуги во пловни објекти.

2.Општинскиот инспекторат во соработка со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола вршат проверка на терен, дали ноќните клубови во Битола имаат важечки лиценци за работа и дали ги имаат сите елаборати кои што треба да ги поседуваат, вклучувајќи и елаборати за бучава, за противпожарна заштита, за животна средина итн.

  1. До Владата и до Министерството за економија и труд, доставени се податоци по извршениот увид од страна на овластениот градежен инспектор на општина Битола, согласно деталните урбанистички планови на општина Битола, Генералниот урбанистички план на општината и податоците запишани во Агенцијата за катастар на недвижности, на правните субјекти со капацитет над 50 лица кои вршат угостителска дејност на територијата на општина Битола. На овој начин треба да се изврши проверка со вмрежување на податоците и соодветната издадена категоризација/лиценца, за правните субјекти кои вршат угостителска дејност на територијата на општина Битола.
  2. До Државниот пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Битола, доставен е допис дека општина Битола достави известување до угостителските објекти на територијата на градот Битола, дека не постапиле согласно чл. 7 и чл. 25 од Законот за угостителска дејности. Од нив е побарано во рок од 3 дена да достават Лиценца/Дозвола за работа на објектот согласно Законот за угостителска дејности и работно време на објектот, согласно истиот закон. Од Одделението за инспекциски надзор Битола доставена е листа на објекти со која располага општината и побарано е да се изврши вмрежување на податоците преку заедничка координација.

5.Согледувајќи ги сите аспекти од законските регулативи, постојат одредени недоречености, односно неусогласености помеѓу Законот за угостителство во однос на Законот за градење и Законот за животна средина. Оттука, општината испрати допис до наделжните институции во кој нагласи дека се потребни законски измени, пред се во регулативата со документите, кои што се пополнуваат за вршење на одредената угостителска дејност, како и во делот на надминување на недореченостите во законските одредби.

Во наредните денови, продолжуваат координираните активности на терен со надлежните инспекциски служби и СВР Битола.

Advertisement

Република

Бојкоски: Дополнителни 7 милиони денари поддршка за РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер.

„Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени во координација со градоначалникот и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Од вкупната сума, 3.000.000 денари се предвидени како награда за освоената шампионска титула во македонската ракометна лига. Според Бојкоски, целта на дополнителната поддршка е зголемување на конкурентноста на клубот, задржување на шампионската титула во Битола и носење радост и спортска гордост за граѓаните.

Continue Reading

Република

Коњановски: Преку танц младите испраќаат силна порака против врсничкото и дигиталното насилство

Во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола денеска се одржа меѓуучилишен танцов натпревар „Танц против насилство“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото и дигиталното насилство меѓу младите.

Настанот беше организиран со цел промоција на ненасилна комуникација, почит, солидарност и позитивни вредности, при што учениците преку танц, емоција и креативен израз испратија јасна порака дека насилството не смее да биде прифатено.

На настанот учествуваа седум основни училишта од Битола со вкупно 49 ученици, кои преку кореографиите ја пренесоа својата визија за свет без насилство. Поддршката за реализација ја даде Општина Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола и образовните институции.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека ваквите иницијативи се исклучително важни за создавање безбедна и здрава средина за најмладите.

„Ова не е само танцов или музички натпревар, туку силна порака дека како заедница сме против насилството, особено меѓуврсничкото и дигиталното насилство кое нè загрижува сите. Радува фактот што училиштата ја прифатија оваа иницијатива и што младите покажаа дека имаат свест и храброст да зборуваат против булингот“, порача Коњановски.

Организаторката и иницијаторка на настанот, Фатма Бајрам Аземовска од здружението „Сумнал“, нагласи дека „Танц против насилство“ е глас на младите кои преку уметноста повикуваат на почит, прифаќање и разбирање.

Во натпреварувачкиот дел учество зедоа ученици од ООУ „Даме Груев“, „Кирил и Методиј“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Тодор Ангелевски“, „Елпида Караманди“, „Св. Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“.

Жири-комисијата ја додели Гран при наградата на ООУ „Гоце Делчев“, признанието за најсилна порака против насилството на ООУ „Тодор Ангелевски“, а наградата за најкреативна кореографија ја добија учениците од ООУ „Кирил и Методиј“.

Continue Reading

Република

Прилеп утре без струја: Планиран прекин од 06:30 до 11:00

Жителите на Прилеп и околните приградски населби утре, 21 декември 2025, ќе останат без електрична енергија во период од четири и пол часа. Од АД МЕПСО информираат дека прекинот ќе трае од 06:30 до 11:00 часот.

Причината за прекинот се планирани зафати за модернизација на електропреносната мрежа на потегот помеѓу Битола и Прилеп. Стручните екипи ќе демонтираат старо проводно јаже од 110 kV далекувод (ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1) и ќе монтираат нов проводник.

АД МЕПСО апелира до домаќинствата и стопанските субјекти, особено оние кои работат наутро, да покажат разбирање за прекинот. Напонот се очекува да биде повторно воспоставен точно во 11:00 часот, а зафатиот се оценуваат како клучни за стабилно и сигурно функционирање на електропреносниот систем во иднина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг