Connect with us

Македонија

ЗЛОУПОТРЕБА НА СТУДЕНТСКОТО СОБРАНИЕ НА ФИЛОЗОФСКИОТ, ВЕЛАТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ ОД СОБРАНИЕТО НА ПРАВЕН

Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ остро реагираше на невистинитостите кои нивните колеги од Филозофскиот факултет ги искажаа кон студентската јавност. Во прилог, Ви го пренесуваме целото соопштение на студентските претставници на Правниот факултет:

„До нас, студентите,

Наши колеги, но пред се’ пријатели и сограѓани кои длабоко ја чувствуваме болката која ни ја всади трагедијата во Кочани. Сите сме изреволтирани, вознемирени и растревожени од континуираното потфрлање на системот и институциите. Како студенти на Правен, како никогаш досега се соочуваме со тоа дека правдата е само концепт и дека ништо нема да ни ги врати тие прекрасни, млади и надежни животи.

Изразуваме големо жалење и негодување што нашите колеги – студентски претставници на Филозофскиот факултет, кои видено не ги познаваат своите надлежности, ниту одговорности (а се бирани од своите студенти), ја узурпираа ситуацијата да изманипулираат искрени и чесни студентски грла во трагедијата која не’ снајде.

Согласно нормативните акти, студентско собрание на одреден факултет (пр. Правен, Филозофски), може да именува само двајца делегати во редовите на УСС согласно чл. 36 ст. 3 од ЗВО. Понатаму, ЗВО остава простор истите делегати да се променат или отповикаат од страна на факултетското собрание кое ги избрало. 

Дополнително, единствен механизам за изразување револт во случај на несогласување на ФСС со работата на УСС е отповикување на избраните претставници и да не именува нови.

Уште повеќе, ФСС на Филозофскиот факултет, се’ уште ги нема отповикано делегатите кои се претходно избрани (иако веќе ги преплавија медиумите за мало внимание „како изгласале недоверба“), туку напротив, истите делегати активно учествуваа на последната седница на УСС.

Бараме јавно извинување од страна на членовите на студентското собрание на Филозофскиот факултет, не кон ФСС-ПФ, Правен, УСС, УКИМ – туку кон сите нас, студентите, бидејќи го злоупотребуваат просторот со ширење лажни информации, кои за жал, се базираат на нивна правна лаичност.

Една од причините зад таа лаичност е токму и партиската припадност на  дел од членовите на тоа собрание, кои впрочем први ја споделија таа вест – не само по студентските канали на комуникација, туку и медиумите.

Неправото не продуцира право. Партизираните деца не најавуваат непартизираност. Неинформираноста не поттикнува просперитет и здраворазумно дејствување во едно општество. Трагедијата НЕ Е политички капитал.

Во моменти кога болката не’ разорува, а неправдата не’ гуши, единственото и рационалното размислување се потребни повеќе од било кога. Тагата ни е заедничка. Гневот ни гори во градите. Но, не смееме да дозволиме да не’ поделат токму сега, кога најмногу ни треба сплотеност. Ова не е време за лични агенди и индивидуално профитирање – ова е време за борба, за студентска солидарност и заеднички отпор против корупцијата и нефункционалниот систем.

Животот е едноставен и нагло се менува. Видовме…“ 

Факултетско студентско собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Advertisement

Македонија

Пролетни температури во декември: Сончевото топло време во текот на целата седмица

Продолжува доминацијата на високиот воздушен притисок, односно Антициклонот, кој и оваа седмица ни носи пролетно време.

Заборавете на студената зимска идила – времето останува стабилно и суво, а деновите ќе бидат натпросечно топли, иако утрата ќе бидат спартански ладни. Термометрите на повеќе места наутро ќе се спуштаат до минусни температури, што налага внимателно облекување пред изгрејсонце.

Сепак, не секаде ќе биде сончево. По котлините и речните долини, особено во текот на ноќта и утрото, маглата и ниската облачност ќе создаваат густа завеса. Овој феномен нема да ја заобиколи ниту Скопската котлина, каде што во утринските часови се очекуваат значително отежнати услови за сообраќај.

Дневните температури се вистински шок за декември. На повеќе места тие упорно ќе надминуваат 10 степени, додека во југоисточните предели живата може да скокне и до околу 15 степени. Ова значи само едно: невообичаено високите температури за овој период од годината продолжуваат да го одбележуваат целиот работен и празничен дел од седмицата.

Меѓутоа, оваа стабилна доминација се чини дека ќе биде прекината кон крајот на седмицата. Во сабота, на 20 декември, се очекува позначителна облачност и појава на повремен локален дожд. Подгответе се за мала промена на плановите за викендот.

Continue Reading

Македонија

Кадровски „ресет“ во СДСМ: Утре се избира новото партиско раководство

СДСМ утре ќе го официјализира новото партиско раководство, по турбулентниот почеток на декември кога, на барање на претседателот Венко Филипче, целото раководство поднесе оставка. Потег што од партијата го опишаа како „одговорен и морален“, а кој отвори простор за темелно кадровско рестартирање.

Филипче најави дека списокот со новите потпретседатели и членовите на Извршниот одбор е веќе затворен и дека јавноста утре ќе дознае кои лица ќе ја водат партијата во наредниот период. Според него, станува збор за внимателно избалансирана комбинација од искусни партиски кадри и млади луѓе со нова енергија.

„Се избира ново раководство – нови потпретседатели и нов Извршен одбор. Практично, нова сила во партијата, спој на искуството и младоста“, изјави Филипче во централниот дневник на „Сител“.

Лидерот на СДСМ најави и поширока офанзива надвор од партиските рамки – отворен фронт со граѓаните, политичките актери и граѓанскиот сектор, со цел, како што рече, да се стави крај на криминалната власт во државата.

Потсетуваме, на 2 декември, по иницијатива на Филипче, целото раководство на СДСМ поднесе оставка, со што започна процес на внатрешна реорганизација. Од партијата тогаш порачаа дека следува период на кадровско освежување, организациско зајакнување и вклучување на нови лица.

Утрешниот ден, според најавите, треба да ја покаже новата слика на СДСМ – со нови луѓе, нова поставеност и амбиција партијата повторно да се позиционира како силен политички играч на сцената.

Continue Reading

Македонија

Новогодишното украсување на Општина Тетово за 25.000 евра

Со мнозинство во Советот на Општина Тетово, на вонредна седница одржана онлајн доцна вчера попладне, се изгласа мнозинство иницијативата за празнично украсување на градот, одвојувајќи дарежливи 1.500.000 денари или речиси 25.000 евра за таа цел.

Оваа одлука, која претставува измена и дополнување на Програмата за активности во областа на културата за 2025 година, стави крај на долгогодишната „суша“ на новогодишна декорација.

Програмата беше изгласана со силната поддршка на советничкото мнозинство, составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

„За оваа програма ‘за’ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ… Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, ентузијастички информираше претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Сепак, одлуката не помина без отпор. Против гласаа советниците од коалицијата НАИ, додека воздржани останаа советниците од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ, потенцирајќи ја политичката поделба околу приоритетите.

Оваа одлука е особено значајна, бидејќи доаѓа по цели години во кои улиците и градскиот плоштад остануваа мрачни за време на празниците.

Во последните години од вториот мандат на поранешната градоначалничка Теута Арифи, и за време на целиот прв мандат на актуелниот градоначалник Билал Касами, официјалното образложение беше идентично: дека општината немала пари за новогодишни украси. Сега, со обезбедените 25.000 евра, градот е подготвен да ја прекине оваа непразнична традиција и да ја врати магијата на улиците.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг