Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Акција во Тетово: Затворени уште два локали – контролите стануваат сѐ построги!

by Уредник
22.03.2025
in Uncategorized

Два угостителски објекти во Тетово синоќа биле затворени, а во сите 16 локали и ноќни клубови што вчера биле проверувани од инспкетори на територијата на Тетово и Гостивар биле утврдени низа неправилности, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Проверките се дел од владината акција за контрола на сите угостиелски објекти по страотниот пожар во Кочани поради низа пропусти од издавањето на лиценца, па се до исполнување на техничките и безбедносните услови за работа на ноќниот клуб. 

„Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-10 и ГВ-6), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ и ДЗС ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово“, соопштуваат од МВР.

Се работи за проверка која ја вршат тимови составени од инсепектори на МВР, финасиската полиција, УЈП, државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување. 

Досегашните контроли покажуваат дека дури половина од дикотеките, кабарињата и угостителските објекти не ги исполнуваат основните технички услови, потврди вечера за Сител премиерот Мицкоски.

 „Пред да дојдам на ова интервју добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се провери повеќе од 60-70 локали. Дури и оние кои имаат важечки лиценци, повеќето од половина не ги исполнуваат минималните технички услови. И тоа е најголемиот проблем… разговарано е и со претседателот на ЗЕЛС под итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите оние објекти кои се под општинска надлежност. Комуналните инспектори ќе излезат на терен, ќе ги проверат настрешниците и терасите. Нема назад, тргнавме. Или ќе победи таа мафија која со децении трае, или ќе победат народот и државата. Ние сме на страната на народот и државата и одиме до крај“, изјави премиерот. 

Инспекторите по текот на вчерашниот ден пак, затворија и три други дискотеки кои не ги исполнувале условите и покрај тоа што имале важечка лиценца. Едно лице, сопственик на ноќен клуб во Куманово, пак, беше приведен бидејки при контролата бил затечен како дури тогаш внесува противпожарни апарати во локалот. Внатре пак, му биле пронајдени пиротехнички материјали. 

Next Post

Проширени контроли во Битола: Инспекција на локали и кафе барови низ Широк Сокак и чаршијата

Неделен извештај за тргувањето на Македонската берза – 17.03.2025 – 21.03.2025

Препорачани Вести

Домашно насилство во Охрид: Маж натепал жена, друг фрлал со покуќнина

88-годишна скопјанка измамена за 232.000 денари – лажел дека ќерка ѝ прегазила дете во странство

8 months ago

Две малолетнички тешко повредени во сообраќајка во Скопје

4 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.