Connect with us

Македонија

Досега собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Published

on

До сега се собрани 51.822.579 денари за помош на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.

Од Црвениот крст информираат дека во моментов се подготвуваат за првичната исплата на собраните средства, кои ќе бидат наменети за најитните потреби на настраданите.

Тие апелираат до сите да продолжат да ја покажуваат хуманоста и солидарноста, и се заблагодаруваат на сите кои допринесоа со своите донации.

Македонија

ФЗОМ со важно предупредување: Вака крадат пари, не наседнувајте на оваа измама

Published

on

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Апелираат дека тоа не е официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните.

Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите:

  • Лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса);
  • Податоци за здравствено осигурување;
  • Податоци за банкарски сметки и кредитни картички;
  • Кориснички имиња и лозинки.

ФЗОМ апелира: Проверете ја внимателно веб-адресата пред да внесете какви било лични податоци, не кликајте линкови со сомнителна пошта, не споделувајте ги вашите кориснички имиња и лозинки со никого, пријавете ги сите сомнителни активности на ФЗОМ или во најблиската полициска станица.

  • Официјалната веб-страница на ФЗОМ: fzo.org.mk
  • Телефонскиот број на ФЗОМ: 
  • 02 3289 000
  • Е-пошта: info@fzo.org.mk

Continue Reading

Македонија

Таравари: Пет пациенти во критична состојба

Published

on

Пет пациенти кои се лекуваат во странство остануваат во критична состојба, додека останатите 100 се стабилни. Според министерот за здравство Арбен Таравари, утре уште девет пациенти ќе бидат пуштени на домашна нега, а во среда и четврток се очекува враќање на првите пациенти од странство, за што е подготвен протокол за прием.

„Подготвивме специјални тимови и стерилизирани возила за нивниот транспорт. Клиниките во Скопје ќе вршат тријажа, а ќе се преземат сите мерки за спречување на инфекции“, изјави Таравари.

Во болниците низ земјава моментално се лекуваат 55 пациенти, од кои 27 во Клиничкиот центар, 10 во „8 Септември“, 10 во „Свети Наум Охридски“ и 8 во приватни клиники.

Continue Reading

Македонија

Психологот Алексоска препорачува што побрзо да се даваат психолошката помош и поддршка

Published

on

Мора што побрзо, како општество да дејствуваме и да им се даде психолошката помош на сите, најмногу на семејствата кои ги загубија најблиските, на младите, но и на сите што се лекуваат во земјава и во странство во индивидуалната и колективната траума од трагедијата во Кочани, вели психологот Ана Алексоска од Прилеп која работи на психолошка помош, главно за младите.

Различни се колективната и индивидуалната траума, а со тоа и пристапот на психолошко лекување и заздравување.

-Тие што се директно дел од трагедијата, пред сѐ, бараат под итно психолошка поддршка и помош каде што ќе можат на едно сигурно место да ги изразат своите емоции, да ги процесираат и емоциите и мислите, сѐ со цел да се започне некаков тек на лекување на траумата. И секој еден со друг да си помага. Битни се тука и роднините, и пријателите за помош, да се поминува повеќе време со блиските и сѐ што има некаква смисла. Активности што им даваат некаква смисла на луѓето за да се излекува траумата, вели Алексоска.

Психолошката помош особено е битна за младите од Кочани каде имаме генерациски загуби. Психолозите веќе ја нудат бесплатно помошта.

– Социолозите, наставниците, а пред сѐ, психолозите што побрзо да ја дадат помошта, да не се остава траумата да тлее. Комората на психолози ја има објавено листата на психолози кои бесплатно ги нудат својата помош и поддршка. Исто и ние како група психолози ги нудиме таа помош и поддршка и би рекла, мора што побрзо да се започне. Имам случај со една девојка која беше директно засегната – нејзина цимерка била прегазена во стампедото и сега е со тешки повреди и во лоша ментална состојба. Беше премногу загрижена за цимерката и не знаеше како да направи нешто што ќе го заокружи тој процес на жалење и сочувство со неа, рече психологот Алексоска.

Психолошката помош итно им е потребна и на сите повредени што се лекуваат. Има предлози од европската асоцијација да им се даде помошта додека се лекуваат во странство.

-Има предлог од европската асоцијација на КПТ терапијата. Психолозите што работат со КПТ терапијата во странство каде што се згрижени нашите деца да работат директно со тие деца, од секоја земја секој терапевт посебно. Но, пак ќе речам дека мора што побрзо да се започне со психолошката помош, смета психологот Ана Алексоска од Прилеп.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк