Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Македонија со сигурна победа во Вадуц ги отвори квалификациите за СП

by Уредник
22.03.2025
in Uncategorized
Македонија со сигурна победа во Вадуц ги отвори квалификациите за СП

Македонската А репрезентација со победа од 3:0 во Вадуц против Лихтенштајн ги отвори квалификациите за Светското првенство 2026.

Нашата најдобра селекција уште по првото полувреме го реши прашањето околу победникот. Александар Трајковски во 8. минута и Висар Муслиу во 43. минута беа стрелци по првите 45 минути на стадионот „Рејнпарк“. Во вториот дел погоди и Бојан Миовски за конечни 3:0 за Македонија.

Селекторот Милевски го започна мечот со најдобриот состав. Имавме доста офанзивна поставеност, со Миовски, Трајковски, Чурлинов, Елмас, Барди и Алими во нападот и средниот ред. Тоа донесе притисок на Македонија и повеќе се играше на половината на Лихтенштајн.

Уште во 8. минута, Миовски го мина голманот Бухел и испрати центаршут пред голот, каде пред топката се поклони Александар Трајковски.

Во продолжението од мечот Македонија продолжи да притиска, се бараше и пенал во 17. минута, но ВАР го поништи. Противникот дури во средината на првото полувреме првпат ја мина половината, влезе во сериозна можност, но слободниот удар на Визер заврши во живиот ѕид. Во 28. минута, Македонија постигна и втор гол. По добра акција на Елмас и Чурлинов, погоди Елмас, но судиите го понишитија голот заради офсајд.

Потоа шанса имаше и Миовски да зголеми на 0-2, ама со глава биеше во рацете на голманот Бухел.

Во финишот на првото полувреме, убав погодок постигна Висар Муслиу, кој во 43. минута по корнерот на Барди, погоди за 0-2.

Во второто полувреме, Елмас и Трајковски не искористија двојна прилика за убедливи 0-3. По еден час игра, Миовски се најде во прилика, но беше прекраток во скокот по центаршут на Алиоски.
Во 65. минута нова прилика за Македонија. Дарко Чурлинов шутираше од косо, но одбрани домашниот голман.

Во 80. минута одлична шанса имаше дебитантот во нашиот состав, Давид Тошевски, но повторно домашниот голман спречи погодок во мрежата на Лихтенштајн.

Во 84. минута, конечно трет гол за Македонија. Бојан Миовски погоди за 3:0 откако го искористи одличниот центаршут на Бојан Илиевски.

МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски 4. Никола Серафимов (46` Бојан Илиевски) 5. Ѓоко Зајков 6. Висар Муслиу 8. Езѓан Алиоски (46` Бојан Димоски) 9. Александар Трајковски (62` Давид Тошевски) 10. Енис Барди 11. Дарко Чурлинов (80 Кристијан Трапановски) 16. Исник Алими (46` Јани Атанасов) 20. Бојан Миовски;

Next Post
Инвестиции директно во образованието, не во министерство

Инвестиции директно во образованието, не во министерство

Да се стори нешто против кршењето на демократијата од страна на судството

Да се стори нешто против кршењето на демократијата од страна на судството

Препорачани Вести

Зеленски најави консултации со партнери за чекорите кон завршување на војната

Зеленски најави консултации со партнери за чекорите кон завршување на војната

2 months ago

Граѓански патроли во Мадрид ја откриваат добро организираната мрежа на џепчиите од Бугарија

3 months ago

Популарни Вести

  • Спектакуларно отворање на „Сурва“ 2026: Перник повторно стана европска престолнина на маскарадните традиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола со 11,5 милиони денари за животна средина: Фокус на чист воздух, зеленило и одржлива мобилност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тони Коњановски на средба со месните и урбаните заедници: Инвестициите продолжуваат и во 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп се гордее со младите шампиони – Лука Најдоски е инспирација за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кросето ја исмеа мисијата во Гренланд, Италија вели „не“ на симболични потези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.