Monday, January 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Муцунски: Во 14 европски држави се хоспитализирани 116 пациенти, продолжуваме со целосна поддршка

by Уредник
22.03.2025
in Uncategorized

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за тековните активности и мерки преземени од Министерството во врска со згрижувањето и поддршката на македонските граѓани повредени во пожарот во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во 14 европски држави.

„Преку Кризниот штаб и нашите дипломатско-конзуларни претставништва направивме сè што е во рамките на нашите надлежности и можности – и ќе продолжиме со истата посветеност сè додека не обезбедиме најдобра можна помош и грижа за нашите сограѓани повредени во трагичниот настан во Кочани“, истакна министерот Муцунски.

Тој информираше дека вкупно 116 пациенти се хоспитализирани во 14 држави, од кои за 38 лица медицинската грижа е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, активиран веднаш по несреќата од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Министерот изрази посебна благодарност за брзата и ефикасна реакција на Кризниот штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кој во координација со дипломатските мисии и сите надлежни институции овозможи транспорт на пациентите до странски болници во најкус можен рок и според највисоките медицински стандарди.

Според податоците што беа презентирани, во Србија се лекуваат 31 пациент, во Бугарија 15, во Турција и Грција по 12, во Шпанија 7, во Австрија и Унгарија по 6, во Хрватска 5, а по 4 пациенти се згрижени во Белгија, Литванија, Италија, Словенија и Шведска. Во Полска се лекуваат 2 пациенти. Дополнително, Чешка и Израел испратија медицински тимови, а Романија, Луксембург, Норвешка и Финска обезбедија логистичка поддршка за транспортот на повредените.

Министерот Муцунски нагласи дека лично ги посетил болниците во Солун, Софија, Белград, Загреб, Виена и Љубљана, и најави посета на Будимпешта во наредните денови.

„Се сретнав со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добив детални информации за здравствената состојба на секој пациент. На најблиските им пренесов дека државата стои целосно зад нив, додека на здравствените работници им изразив длабока благодарност за пожртвуваноста и професионалноста во битката за спасување животи. Исто така, реализирав  средби со моите колеги министри за надворешни работи и здравство, на кои упатив благодарност за солидарноста и подготвеноста да помогнат во овие исклучително тешки моменти. Нивната поддршка ни значи многу – не само од медицински аспект, туку и како израз на блискост, човечност и пријателство“, рече Муцунски.

Тој потенцираше дека трошоците за лекувањето на пациентите се покриени од страна на државите-домаќини, додека Владата на Република Северна Македонија ги покрива сите трошоци за пат, сместување и логистика за семејствата. Министерството, преку своите дипломатско-конзуларни претставништва, е во постојана комуникација со семејствата и со надлежните здравствени институции во странство, а дежурните телефонски броеви на Министерството и Службата за општи и заеднички работи остануваат достапни за сите потреби и информации.

„Во овие моменти на длабока тага, наша обврска е да останеме целосно посветени, одговорни и хумани – насочени кон поддршка на семејствата на починатите и на повредените. Подготвени сме да продолжиме со иста решителност и ангажман во обезбедувањето на брза, ефикасна и достоинствена здравствена грижа“, додаде министерот.

На крајот, Муцунски упати благодарност до сите вработени во здравствениот систем, кои покажаа исклучителна пожртвуваност и професионалност. Тој истакна дека веднаш по завршувањето на прес-конференцијата, во Министерството ќе се одржи координативен состанок за организација на претстојната репатријација на пациентите кои ќе завршат со лекување во странство, како и на нивните семејства.

Next Post

Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски: Замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме

„Небото слави, ние жалиме“: Емотивна роденденска честитка за загинатиот Дамјан

Препорачани Вести

Пукање во Скопје, повреден 16-годишен малолетник

Голема потрага по исчезнат малолетник од Карпош

2 months ago
OpenAI го лансира новиот „pro“ AI модел во ChatGPT: Побавен, но попрецизен

OpenAI го лансира новиот „pro“ AI модел во ChatGPT: Побавен, но попрецизен

7 months ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) САУДИСКА АРАБИЈА ГО ПРИДВИЖИ НАЈГОЛЕМИОТ РЕЗЕРВОАР ЗА КОМПРИМИРАН ТЕЧЕН ГАС ВО СВЕТОТ – ИНДУСТРИСКИОТ ЏИН ПАТУВАШЕ НИЗ ПУСТИНАТА ОД ДАМАМ КОН РИЈАД!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет и истражните органи молчат – Ѓоко Ристов престанал да користи телефон, отишол на боледување и останува на невидливо место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Познато по кого трага полицијата во Батинци: Се бара Муса Џавит   осомничен за убиениот војник на АРМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Детали од претресот кај судијата Ристов: Со градежна екипа пробиен тајниот бункер зад плочки и цигли – пронајдени 350.000 евра во кеш

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 41 ГОДИШЕН МАЖ ОД ВЕВЧАНИ ВОЗЕЛ СО 2.37 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Полициски службеници од Струга го приведоа пијаниот шофер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.