Connect with us

Македонија

Николоски: Одземавме 427 лиценци на градежни фирми кои го заобиколувале законот, најголем дел се за градби за Б категорија

Одземавме 427 лиценци во делот на градба, проектирање и надзор од досега прегледаните 2810 лиценци во Министерството. Најголема е бројката за Изведувачи на градба од Б категорија и во тој дел одземени се вкупно 198 лиценци, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Дневикот на ТВ Сител.

Тој најави дека Владата и Министерството за транспорт преземаат сериозни активности во делот на проверка на сите издадени лиценци и овластувања. 

“Денес имам нови бројки имајќи предвид дека вработените во Министерството за транспорт работат и денес и утре. Иако сме на раб на законот, донесовме одлука да ја направиме оваа контрола. Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, тоа е практично се што не е врвен државен објект, меѓу што и станбени згради. Таму ќе се одземат 198 лиценци. Во понеделник таа работа ќе биде завршена, а во вторник ќе имаме конкретни бројки и со име ќе ги извадиме сите носители на лиценци на сите носители на кои ќе им бидат одземени лиценците. За истото ќе го известиме надлежното обвинителство и МВР”, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека по итна постапка ќе се пуштат законски измени со што контролите ќе станат облигаторни на секои шест месеци. 

„Имаме една сериозна акција на проверка. Се работи во сите сектори и сите тие ќе почнат да излегуваат со бројки и резултати со кои би презентирале пред јавноста каква е состојбата. Увидуваме и дека има доста законски недоследности. Не велам дека законите се секаде лоши. Во најголем дел законите се добри и намерата е добра, но за жал нашиот менталитет е таков каков што е и има бројни злоупотреби. Во одредени ситуации законодавецот веројатно сакајќи да ги поедностави процедурите, тоа поедноставување доведува до големи злоупотреби од страна на приватните субјекти кои се крајни корисници на овие овластувања и лиценци”, заклучи вицепремиерот Николоски.

Advertisement

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг