Connect with us

Македонија

Шест пациенти кои се во странство се сè уште критични

Шест од настраданите од Кочани кои се наоѓаат на лекување во странство во текот на идната недела ќе бидат вратени во Македонија, каде ќе го продолжат лекувањето и рехабилитацијата, информираше министерот за здравство, Арбен Таравари, кој притоа рече дека бројката не е конечна.

„Од каде имаме исписи. Италија еден испис се планира. од Шпанија се планираат два исписа, од Шведска еден испис и од Авсатрија два исписа. Овие се планирани, но не е дефинитивно“, изјави Таравари.

Од 115 повредени кои се лекуваат во другите држави, во моментов во многу критична состојба се шест пациенти

„Да се надеваме дека таа бројка нема да се покачи со евентуални компликации кај другите пациенти. Некои од пациетните веќе планираме идната недела веќе да се враќаат, тоа е се бараме до сега, според информаците што ги добиваме, пет од вкупно 115 пациенти идната недела ќе се вратат ќе бидат прифатени прво во трите болници во Скопје од каде што е испратен и по тријажа ќе се констатира дали ќе треба да бидат уште во болница или можеме да ги пуштиме веднаш дома. Потешките пациенти штоп се -двајца се во Љубљана во клиничкиот центар и четири во Воено-медицинската академија во Белград. Тие се пациенти кои се во моментов најтешки“, рече Таравари.

Пациентите кои ќе се враќаат ќе бидат прифатени во болниците од каде се упатени на лекување во странство, а потоа според проценката на лекарите прераспределени по другите клиники и болници. За оние за кои ќе треба подолготрајна рехабилитација, како што информираше Таравари, се размислувава да бидат испратени и во другите градови или во некој центар којшто не е искористен за да можат да се направат екипи кои ќе можат да ги третираат подолгорочно.

Таравари информираше дека освен лекарските тимовите од Израел и од Чешка кои се во земјава за да ги третираат настраданите во пожарот, подготвени тимови од Англија кои според потребите на македонските здравствени власти би дошле за да помогнат околу нивната рехабилитација.

Освен враќање на дел од оние кои се во странство, на домашно лекување ќе заминат дел од настраданите кои се лекуваат на клините и во болниците во земјава. Таравари информираше дека најмалку петмина в понеделник ќе бидат пуштени на домашно лекување. Сепак точната бројка колку од нив ќе заминат дома ќе се знае в понеделник.

Пред пресот на министерот за здравство, прес-конефренција одржа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој информираше дека денеска ќе се одржи координативен состанок на кој ќе се утврдат чекорите и мерките за репатријација, односно враќањето на настраданите кои се лекуваат во странство во земјава.

„Во моментов вкупно 116 пациенти се лекуваат во 14 европски држави“, информираше Муцунски.

Разликата во бројката која денеска ја соопштија Муцунски и Таравари – 116 односно 115 кои се лекуваат во странство, ја појасни директорот на Фондот за здравствено осигурување.

„Мислам дека има една пациентка што самата се пријавила во Бугарија и не е евидентирана во Македонија. Тука може да е разликата“, рече Сашо Kлековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Таравари појасни дека можеби некој што отишол или можеби станува збор за странски државјанин.

Муцунски инаку информираше дека за 38 од пациентите кои се лекуваат во странство здравствената грижа е обезбедена преку механизмот на Цивилна заштита на ЕУ, кој владата го активирала веднаш по несреќата, додека останатите пациенти се згрижени како директна билатерална помош.

Advertisement

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг