Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Страшно сведоштво на преживеана малолетничка од кобната ноќ во Кочани: Прв реагираше Панчо

by Уредник
22.03.2025
in Uncategorized
Страшно сведоштво на преживеана малолетничка од кобната ноќ во Кочани: Прв реагираше Панчо

Трагедијата која се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога во пожар загинаа најмалку 59 лица, стана една од најголемите катастрофи во Македонија по осамостојувањето на земјата, по бројот на жртви. Оваа трагедија ја поставува на третото место, веднаш по две големи авионски несреќи кои ја потресоа Македонија.

Малолетничка која била присутна во дискотеката таа трагична вечер, за „Претрес со Ландов“ раскажа што се случувало пред и по избувнувањето на пожарот, по кој загубивме 59 сограѓани и возачот на Брзата помош. Таа посочува дека секогаш при големи концерти и настапи на популарни ѕвезди, се користела пиротехника. Прв кој реагирал бил пејачот на ДНК, Владимир Блажев-Панчо.

„Сите снимаа, на сите им беше на шала, не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Не го сфатија сериозно. Снимаа, се задржаа. Кога пејачот извика, јас одма излегов. Пред вратата имаше превише гужва, луѓето трчаа, не знам ни јас како излегов во таа гужва. Некои останаа до крај, мислеа дека нема ништо да се случи“, изјави малолетничката за „Претрес“.

Според неа, на вратата имало полиција, бидејќи дошле за да прават рација.

„Во клубот секогаш има доста малолетни лица, јас сум една од тие. Имаше доста малолетни лица, прво сакаа да излезат за да не завршат во полициска станица, беше блокирана вратата за да не се излегува и влегува. Кога настана гужвата, беше отворена вратата за да излеземе. Луѓето паѓаа, никој не им помагаше, никој не застануваше да им помага. Многу луѓе беа прегазени и изгазени. Имам доста луѓе кои се мои блиски, што се повредени од тие газења. Во тие моменти можам да кажам дека полицијата не помогна доволно колку што требаше да помогне на луѓето за да се спасат, стоеја настрана“, додаде таа.

Таа исто така напомена дека вообичаено било малолетници да влегуваат во дискотеката.

„Не бараат лична карта, плаќаш влез и си влегуваш внатре“, изјави малолетничката за „Претрес“.

Next Post

Коцевски и ОЈО коректно постапуваат, згрозен сум од помали политички актери кои ја злоупотребуваат несреќата, вели Николоски

Пентагон истражува протекување на доверливи информации

Препорачани Вести

Судски дуел помеѓу Трамп и Би-би-си

1 month ago

Радев по поразот во ЕП: Загрижувачко е што важна институција се изјаснува за „идентитет“ и „јазик“

7 months ago

Популарни Вести

  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс – градоначалникот на Кичево и пет лица обвинети за штета од стотици илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.