Connect with us

Црна Хроника

Тешко повредено дете во сообраќајка во Тетово

Published

on

brza pomos

На 21.03.2025 во 17.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во близина на кружен тек со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблички, управувано од Е.Ј. (31) од с. Челопек, удрило во малолетник од с. Саракино. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.

Црна Хроника

26 годишен возач удри двајца малолетници, повредените завршија во болница

Published

on

Денеска, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле М.Р. (26) од Скопје, кој околу 13:50 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје со возило „Ауди“ удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.

Двата малолетници се пренесени со Итна медицинска помош во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Извршен е увид од страна на СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирањето на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична пријава и притвор за лицето кое прими поткуп 13.000 евра за изградба на апартмани во Маврово и Ростуше

Published

on

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Е.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од Кривичниот законик.

Пријавениот, раководител на Одделение за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина во општина Маврово и Ростуше, побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. На 19.03.2025 во угостителски објект во Скопје, тој бил фатен при исплата на парите од првата рата, откако биле претходно криминалистичко – технички обработени. Истот ака, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата, по што бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Црна Хроника

Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно и загинаа- емотивна исповед на учителтката Елена

Published

on

Драги деца, не можам да им верувам на сопствените очи и уши дека веќе го нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX V кога јас бев ваш учител, моментот кога седевте на иста клупа, напиша нивната наставничка.

Николче, мило дете, со твојата слатка насмевка и посветеност, секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми одѕвонува во уши твоето рецитирање на песната „Која ја љубев Дениција“ што ја вежбав за училишна активност.

Ах ах ах, Матејче пристигнуваше во понеделник и следствено секој ден кога излегував од училницата ме испраќаше од училницата со зборовите „Убав викенд наставничке“ иако викендот беше далеку!

Па, викендов ми беше најлошиот викенд затоа што слушнав за кобната случка и уште покобното сознание дека многу мали деца и нечии мили деца повеќе нема да бидат со нас! Патувајте мирно кај ангелите, Господ Бог да ве прими во царството небесно и да продолжите да ширите позитивна енергија на ангелите!

Патувајте безгрижно до вашиот нов дом, бидејќи ние за вас имавме и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуваат како што и вашата шрисутност меѓу најблиските! – стои во статус

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк