Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за понеделник – 24 март

Овен: Денот ќе донесе резултати од вашиот труд и трпение. Иако можеби не се очекуваат брзи резултати, тие ќе бидат сигурни. Погрижете се да одвоите време и за одмор.

Бик: Овој ден е идеален за завршување на започнатата работа. Проблемите кои сте ги игнорирале може да се појават на неочекуван начин. Организацијата и вниманието кон деталите ќе ви помогнат успешно да ги решите.

Близнаци: Денес е време да ги разгледате сите опции и да се потпреме на интуицијата. Обрнете внимание на вашите чувства и не плашете се да барате нови начини за решавање на старите проблеми.

Рак: Ќе се појават нови можности за напредок на професионален план. Се препорачува да се фокусирате на тимската работа и да ја искористите шансата да учите од другите.

Лав: Може да се појават нови предизвици, но важни ќе бидат деталите во процесот на решавање. Бидете внимателни и концентрирани на вашиот пат.

Девица: Денот ќе биде поволен за започнување нови проекти, но под услов да се фокусирате на креативноста и иновациите. Не се плашете да се потпрете на својата интуиција.

Вага: Можеби ќе се појават напнати ситуации кои ќе бараат внимание и дипломатски пристап. Слушајте го својот внатрешен глас и не дозволувајте емоциите да ве водат.

Скорпија: Овој ден е поволен за решавање на проблеми од минатото. Преку комуникација и јасност можете да ги разјасните недоразбирањата и да ги решите вашите проблеми.

Стрелец: Вниманието ќе ви биде насочено на лични и семејни прашања. Ова е ден за размислување и влегување во нови ситуации кои ќе го подобрат вашиот живот.

Јарец: Поволен ден за разгледување на деловни и финансиски прашања. Ќе биде важно да ги разгледате сите опции пред да донесете конечна одлука.

Водолија: Овој ден ќе ви донесе можност за напредок на личен план. Потрудете се да се фокусирате на себе и да ги решите важните прашања кои ве мачат.

Риби: Денот ќе бара внимание на вашите обврски и планови за иднината. Важно е да останете посветени и да го завршите тоа што сте го започнале.

Advertisement

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

Европските земји постепено воведуваат нови сообраќајни правила, а еден знак веќе привлече големо внимание кај возачите. Станува збор за син сообраќаен знак со бел дијамант, чие игнорирање може да биде скапо – во Франција казната е 135 евра, додека во Шпанија е дури 200 евра.

Овој знак означува посебна лента која е наменета само за одредени категории возила. Во Франција, веќе може да се види во поголемите градови како што се Лион, Гренобл и Стразбур, а властите најавија дека ќе биде проширена на целата земја во наредниот период.

Лентата означена со бел дијамант не е достапна за сите. Дозволено е да се вози само со возила со најмалку двајца патници, автомобили со ознака за нулта емисија, такси – дури и кога не превезуваат патници – и јавен превоз. Другите возачи кои ќе се најдат во оваа лента ризикуваат казна.

Специјалните ленти најчесто се наоѓаат во левата лента на автопатите и експресните патишта, особено во областите каде што често се случуваат сообраќајни метежи, како што се приближувањата кон градовите или излезите од автопатите. Во некои случаи, овие правила важат само во одредени периоди од денот, што дополнително е означено со семафори или самиот дијамантски знак.

Целта на воведувањето на овој знак и посебните ленти е да се олесни сообраќајот и да се намали загадувањето. Со поттикнување на заедничкото возење и употребата на еколошки возила, властите сакаат да го намалат бројот на автомобили на патиштата и да го забрзаат протокот на сообраќај, особено во шпицот.

За возачите, ова значи едно – тие треба да обрнат дополнително внимание на сообраќајните сигнали, особено кога возат во странство. Незнаењето на ова правило не ги ослободува од одговорност, а казните можат да бидат сериозен удар за домашниот буџет.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ова се најевтини земји за живеење

Индија, Пакистан и Авганистан се меѓу најдостапните земји во светот кога станува збор за месечните трошоци за живот, покажуваат најновите податоци.

Индија нуди просечна месечна цена на живот од околу 423 американски долари, додека нејзиниот сосед Пакистан е уште поевтин со околу 370 долари месечно. На врвот на листата се наоѓа Авганистан, каде што просечните месечни трошоци изнесуваат околу 354 долари.

Иако овие земји се издвојуваат со ниски цени, експертите предупредуваат дека тоа често оди рака под рака со проблеми со безбедноста, а разликите во трошоците меѓу урбаните и руралните средини можат да бидат значителни.

Други достапни дестинации

Меѓу земјите со ниски животни трошоци се споменуваат и Непал и Бутан, кои се познати по прифатливите дневни трошоци. Во Африка, Бурунди се издвојува како една од најевтините држави.

Виетнам, пак, важи за омилен избор меѓу иселениците благодарение на ниските цени на храна, сместување и секојдневни услуги, наведува CNBC.

Најповолни земји за патување

Лаос, Индија, Тајланд и Филипини се меѓу најевтините дестинации за патници, главно поради евтината локална храна и транспортните услуги.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг