Connect with us

Спорт

Формула 1 Кина: Драматичен пресврт по трката – Дисквалификации за Гасли, Леклер и Хамилтон!

Published

on

Трката за Големата награда на Кина заврши со огромен пресврт откако ФИА (Меѓународната автомобилистичка федерација) официјално објави дисквалификации за тројца возачи: Пјер Гасли (Alpine), Шарл Леклер (Ferrari) и Луис Хамилтон (Ferrari), поради технички нерегуларности откриени при пост-тркачката инспекција.

Како резултат на оваа драма по завршувањето на трката, дојде до значајни промени во финалниот пласман и доделувањето на бодовите. Возачите кои првично беа надвор од топ 10 сега се искачија и дојдоа до вредни поени:

Естебан Окон (Haas) се искачи од 7. на 4. место

Кими Антонељи (Mercedes) се искачи на 5. место

Алекс Албон (Williams) сега е 6.

Оли Бирман (Haas) напредуваше до 7. место

Ланс Строл (Aston Martin) и Карлос Саинц (Williams), кои претходно беа 12. и 13., сега влегуваат во топ 10 и ќе добијат поени, со што ја комплетираат листата на возачи што освојуваат бодови.

Овој неочекуван развој дополнително ги заострува позициите во генерален пласман и ја зголемува драмата пред следната трка во Јапонија (4-6 април). Тимовите сега се под зголемена лупа, особено поради техничките регулативи кои се строго следени од страна на ФИА.

Со ова, уште еднаш се потврдува старата изрека во Формула 1 – трката не завршува сè додека не заврши и последната техничка проверка.

Спорт

Емотивен момент на арената „Тодор Проески“: Громогласен аплауз за жртвите од Кочани во 59. минута

Published

on

Вечерва, во 59. минута од натпреварот помеѓу Македонија и Велс на Националната арена „Тодор Проески“, присутните на трибините изразија емотивна почит кон жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Со громогласен аплауз, навивачите и фудбалерите ја почитуваа болката на семејствата и пријателите на настраданите.

Францускиот судија Жером Брисар го прекина мечот, дозволувајќи на играчите да се приклучат на аплаузот на навивачите, создавајќи една од најтажните и најемотивните сцени во спортската историја на Македонија.

Со овој чин, не само што беше изразена солидарност, туку и Раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука сите приходи од натпреварот да бидат донирани за помош на семејствата на жртвите и настраданите во трагичниот инцидент.

Continue Reading

Спорт

Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами

Published

on

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако синоќа по два сета го совлада 16. пласираниот на АТП листата Италијанецот Лоренцо Мусети со 6:2, 6:2.

Петтопласираниот тенисер во светот дојде до победа по еден час и 23 минути игра.

Во првиот гем од првиот сет Италијанецот направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер потоа нанижа шест гемови и поведе со 1-0 во сетови.

Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка во вториот гем од вториот сет и со сигурен сервис во следниот гем поведе со 3:0. До седмиот гем двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, кога Ѓоковиќ ја искористи првата меч поен на сервис на Мусети.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против светскиот рекет број 25, Американецот Себастијан Корда. 

Continue Reading

Спорт

Македонија – Велс со рекордна гледаност во европските квалификации за СП

Published

on

Драматичното реми од 1-1 помеѓу репрезентациите на Македонија и Велс од трибините на Арената „Тодор Проески“ го следеле 23.114 гледачи и тоа беше убедливо најгледаниот вчерашен меч во Европа во квалификациите, но и не е изненадување со оглед на тоа дека другите мечеви се играа во Молдавија, Црна Гора, Лихтенштајн, Гибралтар, а Израел беше домаќин во Дебрецин, Унгарија.

Иако беше објавено дека се продадени сите билети за мечот во Скопје, околу 25.000, сепак имаше празни места и некои со купени билети не дошле на стадион.

Источната трибина беше резервирана на 2.000 велшки фанови, па не ни можеше да има 34.000 гледачи колку што е капацитетот на најголемиот стадион во Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк