Connect with us

Црна Хроника

Можеби најдраматичната снимка од „Пулс“: Се гледа колку се влошила ситуацијата во само неколку минути

Published

on

Како што луѓето кои беа во дискотеката „Пулс“ пред една недела се опоравуваат, така на социјалните мрежи се појавуваат се повеќе видео снимки од пожарот во кој животот го загубија 59 лица, а над стотина завршија со повреди.

Сега на социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа црн густ чад, а луѓето што снимаат се во шок и не можат да поверуваат што се случува. Погледнете го видеото во продолжение:

Црна Хроника

Полицијата ги чешла лиценците во Тетово

Published

on

На 25.03.2025 во периодот од 07.00 до 15.00 часот, при вршење на редовни контролни активност на подрачјето на СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово констатирале пет кривични дела извршени од превозници кои вршат јавен превоз на патници без поседување на лиценца, предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading

Црна Хроника

Крвава пресметка во Тетово: Со нож го нападнал поради расправија во сообраќајот!

Published

on

На 25.03.2025 во 20.30 часот во СВР Тетово сам се пријавил С.Ј.(34) од Тетово. Тој се сомничи дека околу 17.20 часот на улица „Иво Лола Рибар“, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, заедно уште едно лице физички го нападнал Ф.Ќ.(37) од с.Орашје, при што употребил и остар предмет и му нанел повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. С.Ј. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Црна Хроника

Денеска продолжува сослушувањето на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Published

on

Денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжува судењето за убиството на Вања и Панче. На последното рочиште, обвинетиот Боре Видевски сведочеше дека бил подложен на физичка тортура и принуден да потпише изјава која го обвинува. Според неговите тврдења, тој бил тепан со дрвена палка и принуден да потврди дека го познава таткото на девојчето.

Видевски беше испитуван од неговиот адвокат, а неговото сослушување ќе продолжи и денес.

Во меѓувреме, претходно сведочеше и обвинетиот Велибор Манев, кој детално ги опиша настаните поврзани со грабнувањето на Вања и Панче. Тој изнесе дека координаторот и извршител на убиствата бил Палевски. Манев истакна дека, по убиството на Панче, продолжил со грабнувањето на Вања поради страв од заканите на Палевски кон него и неговото семејство.

Ова судење продолжува да привлекува внимание во јавноста, а исходот ќе биде клучен за расветлување на целата ситуација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк