Connect with us

Република

Американска компанија бара работници: Плата до 170.000 денари!

Published

on

Американска компанија за транспорт и логистика отвора можност за вработување на диспечери во својата канцеларија во Куманово. Работното време е во втора смена, од 13:00 до 22:00 часот, а платата може да достигне до 170.000 денари.

Доколку сте комуникативни, организирани и сакате динамична работа во меѓународна средина, ова е одлична можност за вас!

Аплицирајте на следниот линк: 🔗 bit.ly/3Fy8njR.

Република

Утре без струја делови од Тетово и околните места

Published

on

Утре, четврток (27.03.2025), делови од Тетово и околните населени места ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини. Според најавите, прекините ќе се одвиваат во следните термини:

• Од 06:00 до 06:30 часот, без струја ќе бидат делови од град Тетово, вклучувајќи ги објектите кај ЗИК Млекара, ЗИК Ладилник, ШИК Јелак, Жито Полог, како и објектите на бензинската пумпа „Макпетрол“ и „One Hospital“.

• Од 09:00 до 14:30 часот, електрична енергија нема да има во село Ѓепчиште, во деловите во близина на Т.Н. Македонско Маало.

• Од 09:00 до 14:30 часот, прекин ќе има и во село Желино, во деловите во близина на поштата.

Граѓаните се советуваат да ги планираат своите активности согласно овие прекини.

Continue Reading

Република

КОЊАНОВСКИ: ИНВЕСТИРАМЕ ВО ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО БИТОЛА

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, каде со директорот Горан Талевски разговараше за тековните и идните инвестиции во училиштето.

„Нашата цел е да создадеме подобри услови за учениците и наставниците, а со овие проекти значително го подобруваме квалитетот на наставата,“ изјави Коњановски.

Реконструкцијата на спортската сала е една од најзначајните инвестиции, со вредност од 6.756.133 денари. Во рамки на овој проект, извршена е целосна замена на подот со професионален паркет, санирана е кровната конструкција, обновена е електричната инсталација и осветлувањето, а трибините се реновирани и обоени со фасадна боја.

Дополнително, целосно е реконструирана наставничката канцеларија, со нов инвентар во вредност од 535.000 денари.

Во насока на енергетската ефикасност, училиштето доби и фотоволтаичен систем од 72 модулни единици, со капацитет до 40 киловати, инвестиција вредна 1.416.000 денари.

„Продолжуваме со нови проекти во соработка со Министерството за образование и локалната самоуправа, со што ќе обезбедиме уште подобри услови за сите ученици во Битола,“ истакна Коњановски.

Continue Reading

Република

„BITOLA CITY BUS“ – НОВА МОЖНОСТ ЗА ПОДОБАР ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО БИТОЛА

Published

on

Со цел подобрување на јавниот превоз во градот, намалување на сообраќајниот метеж и поедноставно и побрзо патување, Ротари Клуб Битола, изработи апликација која треба да ја олесни и подобри мобилноста во градот. Со оваа апликација „Bitola City Bus“, граѓаните ќе имаат можност да добијат точна информација во реално време каде се наоѓа потребниот автобус.

Апликацијата и придружниот систем се донација од Ротари клуб Битола за Општина Битола, а истите ќе бидат промовирани утре, на 27 март во 12:00 часот на Техничкиот факултет.

Оваа е уште една дигитална алатка, која се воведува во општината со цел обезбедување подобри можности за граѓаните за нивно брзо и ефикасно завршување на обврските. Во изминатиот период воведен е геоинформациски (ГИС) систем, елекстронски систем за преглед и плаќање на данок, систем за управување со документи (ДМС), а аплицирањето за субвенции за дограма, кое ќе започне од 8 април, исто така ќе се реализира преку нов модул – електронски систем за поднесување барања за субвенции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк