Connect with us

Македонија

Демант од УЈП за шпекулации во јавноста во врска со „Пулс“

Со длабока згрозеност го примивме овој трагичен настан и се приклучуваме кон сочувството и поддршката за сите погодени. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите и закрепнување на повредените. Поради сензитивноста на случајот, а во интерес на истрагата за овој трагичен настан, Управата за јавни приходи ќе се воздржи од соопштување на информации, со цел на било каков начин да се спречи влијае на истрагата која е во тек, стои во демантот на УЈП, за како што велат, шпекулации во јавноста во врска со „Пулс“.

-Управата за јавни приходи соработува со надлежните органи во насока на обезбедување на потребни докази и информации за потребите на истражните и кривичните постапки.

Ја користиме оваа прилика за апел – да не се шпекулира со информации и да не се изнесуваат информации кои не се потврдени од истрагата, вклучувајќи ги и информациите кои произлегуваат од законските надлежности на УЈП, имајќи предвид дека целокупната јавност е потресена од овој трагичен настан.

Би ги демантирале шпекулациите во јавноста во насока на обиди за политизација, како и пласираните информации од некои медиуми, а кои во ниту еден момент не се побарани да бидат потврдени од УЈП, ниту се дадени од УЈП.

Не се точни информациите дека во декември 2024 година дискотеката „Пулс“ била „пломбирана“ од УЈП, но она што можеме да го потврдиме е дека за овој објект е изречена казна за сторен прекршок во декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

„Пломбирање“ кое се пласира и за кое се шпекулира во јавноста е извршено кај друг угостителски објект (со друг назив) кој бил предмет на контрола и за кој изречена привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена во периодот јули 2023 година, по претходно извршени контроли од УЈП согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Во рамките на законските надлежности на УЈП, кај должникот обврзник ММММ Кафе ДООЕЛ во неколку наврати во период од крајот на 2022 година се реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на сметка и долгот е наплатен, по што сметката по автоматизам се деблокира од банката. Но, од август 2024 година постапките за извршување на долгови, се сеуште активни заради наплата од средства на должникот во банките по повеќе основи (даночни долгови и плати).

Би укажале дека блокирање на сметка, како мерка, согласно законот за даночна постапка, е предвидена во постапка на извршување односно наплата на долг во постапка на присилна наплата која ја спроведува УЈП. Во постапка на присилна наплата на долг согласно Законот за даночна постапка не е предвидена мерка затворање на објект. Блокирањето на сметка како мерка, и привремена забрана за вршење на дејност како мерка, се изрекуваат за различни основи, согласно различни закони и во различни постапки кои ги спроведува УЈП, се додава во демантот.

Advertisement

Македонија

Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката во образованието и науката со нов договор

makedonija turcija

Македонија и Турција отвораат ново поглавје во билатералната соработка во образованието, науката, технологијата и иновациите. Министрите за образование и наука, Весна Јаневска и Јусуф Текин, потпишаа договор со кој се зајакнува партнерството меѓу двете земји и се создава основа за интензивна размена на знаење, искуства и кадар.

Со договорот се предвидува размена на информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на мобилноста на академици, образовни експерти, наставници и средношколци. Посебен акцент е ставен на средното, особено стручното образование, обуката и квалификациите на наставниот кадар, доживотното учење и реализацијата на заеднички образовни проекти.

Двете држави ќе разменуваат искуства и во примената на нови образовни технологии, како и во подготовката и унапредувањето на наставните планови и програми. Учениците ќе добијат можност да учествуваат на научни и културни натпревари што се организираат во Македонија и Турција, а ќе се поттикнува и развојот на заеднички образовни програми и збратимување на училишта.

Како дел од договорената соработка, во двете земји ќе се воведат изборни предмети „Јазикот и културата на Турците“, односно „Јазикот и културата на Македонците“, а предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци.

За ефикасна примена на договорот ќе биде формирана заедничка работна група, која ќе го следи и координира спроведувањето на договорените активности.

Continue Reading

Македонија

Неработни денови и продолжени викенди во јануари 2026

Празничната атмосфера продолжува и во првиот месец од новата година, а јануари носи неколку неработни денови кои овозможуваат подолг одмор и полесно планирање на работните обврски.

Новата година започнува со 1 јануари, кој е неработен ден и паѓа во четврток. Веќе во петок, на 2 јануари, следи кратко враќање на работа, по што доаѓа викенд пауза. Понеделник, 5 јануари, е работен ден, а потоа следуваат 6 и 7 јануари, кога се празнуваат Бадник и Божиќ, кои се неработни денови. На работа повторно се враќа на 8 јануари.

Јануари не завршува тука со празниците. На 19 јануари, понеделник, се празнува Богојавление – Водици, кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Дополнително, за припадниците на српската заедница, неработен ден е и 27 јануари, кога се одбележува празникот Свети Сава.

Со ваквиот распоред, јануари нуди неколку можности за продолжени викенди и кратки одмори, што многумина веќе ги користат за планирање на слободното време.

Continue Reading

Македонија

Николоски најави иновативни инженерски решенија за автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на 14 ќе се врши стабилизација со таканаречени галерии – метод што досега не е применет ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.

Според Николоски, ваквиот пристап ќе обезбеди долгорочна безбедност и стабилност на трасата, ќе ги намали ризиците од одрони и ќе овозможи конечно завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Проектот, како што нагласи, ќе придонесе за побрзо и побезбедно поврзување на југозападниот дел од државата и за зголемен економски и туристички развој.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг