Connect with us

Црна Хроника

Фудбалерот Андреј Лазаров отишол да ја види фамилијата во Кочани, вечерта се вратил во огнот за да спасува

Published

on

Во соблекувалната на ФК Шкупи, едно место е празно. По многуте прослави на победи, денес владее тишина, а единствено што се слуша е шумот на свеќата пред дресот со бројот на Андреј Лазаров, пишува ТВ21.

19-годишниот фудбалер трагично го загуби животот во пожарот што ја зафати дискотеката во Кочани. Веста за неговата смрт ги потресе соиграчите, навивачите и целата фудбалска заедница.

Андреј беше млад и надежен фудбалер, но уште поважно, беше пријател и брат – синоним за тимски дух. Тој го загуби животот во трагедијата која ја потресе целата држава. Пожарот во дискотеката во Кочани ја однесе неговата младост, на почетокот на неговата кариера.

Андреј успеал да се спаси, но се вратил во огнот за да помогне да се спасат и други.

На денешниот тренинг, играчите не тренираа. Тие седеле во тишина – некои се молеа, некои го гледаа дресот, а други едноставно гледаа во празно. Во соблекувалната немаше зборови, но сите мислеа на истото – на Андреј.

Во спортот се учи како да се победи и како да се изгуби, но ваква загуба не се учи – таа се носи во срцето и таму останува засекогаш.

„Договорот ќе продолжи. Андреј се уште е наш играч“, изјави Туран.

Црна Хроника

Тешко е повредена жена, ја прегазил возач со „Опел“

Published

on

brza pomos

65-годишна жена вчера е прегазена од автомобил во Битола кој го возел 44-годишен битолчанец, соопшти МВР.

„На 25.03.2025 во 12.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Маврово“ и ул.„Цар Самоил“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(44) од Битола, удрило во пешакот С.С.(65) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола“, пишува во полицискиот билтен.

Continue Reading

Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Двајца Македонци загинаа во Италија – познат нивниот идентитет (ФОТО)

Published

on

Бајрам Бајрамоски, од село Жировница, 53 години и неговиот пријател Фуат Етемовски (65) години загинаа во Италија, објави Шило Магазин.

Синоќа, 25 март, тие после напорната работа се враќале во нивниот дом во областа Тревизо кога се случила трагедијата во близина на Боскалто ди Лореџија.

Според првичните информаци од медиумите во Италија со комбето кое управувале во близина на Боскалто ди Лорегија, директно се судрило во камион.

Во возилото се наоѓале тројцата станари, двајца Македонци и Босанец, од повредите на ударот лекар на итната медицинска помош кај двајцата Македонци констатирал смрт.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведен насилник кој во живо на ТикТок тепал бремена жена

Published

on

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како маж физички напаѓа бремена жена во живо на ТикТок. Од МВР потврдија дека насилникот е експресно приведен и однесен во полициска станица.

Видеото брзо се прошири на интернет, а според извори, насилникот не само што ја малтретирал бремената жена, туку и нејзините деца. Исто така, се споделуваат и други видеа на кои тој ја малтретира истата жена.

Дополнително, дознаваме дека против него веќе се води активен судски спор бидејќи претходно бил пријавен за насилство врз друга жена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк