Connect with us

Економија

Скопските станови по цени како на остров во Карипското море – сомнежи за градежен картел?!

Published

on

И покрај намалените трошоци на градежните материјали и за вработените, цените на становите продолжуваат да растат. Огромните профити на градежните инвеститори ги отвораат сомнежите за неформално „картелско градежно здружение“, велат синдикатите и дел од архитектите за „РСЕ“. Од Комисијата за заштита на конкуренција велат ќе реагираат кога ќе имаат сознанија или сериозни сомнежи за договарање меѓу конкурентни компании.

Со бели плажи, тиркизна вода и убаво време во текот на целата година, Аруба е остров во јужниот дел на Карипското море, каде со просечна плата од околу 2.300 евра може да се купи стан со просечна цена од 2.295 евра за метар квадратен, покажуваат податоците на светската дата база Нубио.

Слично како во Скопје, само без плажи и море, каде просечна цена на метар квадратен на стан во центарот на градот се движи од 2 до 3 илјади евра, ама просечната плата е 708 евра. Или, цената на квадратот е речиси иста, само што кај платите се три пати помали.

Некои од големите станови во Аруба што се полуксузни и поблиску до плажата се продаваат и за 4 илјади евра од метар квадратен, колку што е цената за квадратен метар за становите покрај Охридското Езеро или во луксузните апартмани на Водно, Карпош или пак строгиот центар на Скопје, покажуваат податоците од агенциите за недвижности.

Македонските институции веќе 4 години по ред ги кријат официјалните цени на пазарот со недвижнини, со тоа што не објавуваат извештаи од Регистарот на Агенцијата за катастар, каде просечната цена се добива врз база на склучените договори за продажба на станови.

Но, понудите од агенциите за недвижности покажуваат дека цените за метар квадратен во Скопје се движат од најмалку две илјади евра во Аеродром и Кисела Вода до 2700 во Центар и Карпош за ново изграден стан.

Три години потрага по „нормална“ цена на стан

Високите цени на становите во Скопје не ја откажаа од намерата 58 годишната штипјанка Катерина да трага по стан со „нормална цена“.

  • Пред три години кога почнав да барам стан, цената почна полека да расте, си мислев дека нема да порасне повеќе, се надевав ќе се намали. Но, баш напротив, во тие три години уште повеќе порасна цената метар квадратен. Ми се зголеми и киријата, ми требаше да купам стан, кога веќе плаќам, да и остане нешто на ќерка ми“, вели Катерина.

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 26.03.2025

Published

on

Скопје, 26 март 2025 година – Македонската берза го заврши денешното тргување со вкупен промет од 20.447.875 денари. Индексот МБИ10 забележа пад од 0,26%, достигнувајќи вредност од 10.583,84 поени.

Динамика на тргување и пазарни движења

Денешниот трговски ден се карактеризираше со засилена активност, особено кај акциите со голема ликвидност. На официјалниот пазар се оствари промет од над 19 милиони денари, додека блок трансакции не беа евидентирани. Прометот беше сконцентриран на неколку водечки компании, со умерен број на трансакции.

Најтргувани акции

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 10.252.430 денари, со просечна цена од 29.803,56 денари, што претставува минимален пораст од 0,01%.

● Стопанска Банка Скопје (STB) – промет од 5.009.040 денари, со непроменета цена од 38.000,00 денари.

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 978.040 денари, со просечна цена од 27.944,11 денари, што претставува пад од 0,20%.

Добитници и губитници на денот

Најголеми добитници:

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пораст од 0,01%, со цена од 29.803,56 денари.

Најголеми губитници:

1. Гранит АД Скопје (GRNT) – пад од 1,02%, со просечна цена од 1.850,00 денари.

2. Макпетрол Скопје (MPT) – пад од 0,72%, со цена од 106.228,57 денари.

3. Макстил АД Скопје (STIL) – пад од 0,47%, со цена од 149,00 денари.

Обврзнички пазар

Индексот ОМБ остана непроменет и изнесува 124,48 поени. Активноста на обврзничкиот пазар беше ниска, со симболичен промет и стабилни цени кај тргуваните државни и корпоративни обврзници.

 

Денешното тргување на 26 март 2025 година беше значително поактивно во однос на претходниот ден. И покрај зголемениот промет, индексот МБИ10 бележи благо намалување поради пад на цените кај неколку поголеми компании. Инвеститорите продолжуваат да ја следат динамиката со претпазливост, но и интерес за водечките сини чипови.

Continue Reading

Економија

МФ: Водиме кредибилни и конзистентни макроекономски политики, потврден кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед од „Фич“

Published

on

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Агенцијата нотира дека во 2024 година реалниот раст на БДП достигна 2,8% и покрај надворешните потешкотии и дека е над проекциите заради силната јавна потрошувачка и инвестициите. Фич очекува растот на економијата во 2026 година да достигне 4% како резултат на реализација на инвестициите на коридорот 8 и 10д. Посочуваат во извештајот дека инвестициите остануваат силни, но дека слабиот раст на продуктивноста и неповолните демографски движења претставуваат ограничувачки фактори на растот на среден рок. Нотираат дека се забележани силни приливи на странски директни инвестиции. Странските нето директни инвестиции, како што наведуваат, се највисоки во последните 17 години и се искачија на 7,1% од БДП во 2024 година како резултат на високи инвестиции во слободните економски зони. Невработеноста според „Фич“, останува структурно висока поради недостаток на вештини и нерамномерен регионален економски развој. Растот на платите е силен и во периодот 2022-2024 година изнесува во просек 13% годишно и немаше негативен ефект врз конкурентноста.

Во извештајот „Фич“ наведува дека во 2024 година е остварен буџетски дефицит од 4,6% што е помалку од ревидираниот со Ребалансот на ниво од 4,9%, како резултат на повисоките приходи и недоволнотото извршување на капиталните расходи. Во 2025 година „Фич“ не очекува промени кај буџетскиот дефицит заради проектираниот повисок износ на капитални расходи и нормализирање на расходите за пензиите и социјалните фондови. Позитивно влијание врз приходната страна очекува од воспоставувањето на е-фактурата. Агенцијата смета дека грантовите од Планот за раст на Западен Балкан ќе придонесат за намалување на дефицитот на 4% до 2026 година. Долгот според „Фич“ на среден рок ќе надмине ниво од 58% од БДП.

Инфлацијата во 2024 година просечно е на ниво од 4,2% и според „Фич“ главни двигатели се силниот раст на платите, зголемената домашна побарувачка, заедно со силниот кредитен раст на приватниот сектор.

Кредитниот рејтинг се изготвува врз основа на анализи на политиките што ги спроведува земјата. Тој го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носењето на нивните одлуки.

Кредитен рејтинг за земјата изготвуваат кредитните агенции „Фич“ и Стандард и пурс“, два пати во годината.

Continue Reading

Економија

Ќе се регулира вработувањето на пензионерите и студентите, рече премиерот

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека со предлогот на закон за работно ангажирање на лица ќе се регулира вработувањето на студентите и пензионерите во формалната економија.

  • Со тој закон ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица кои што се пензионирани, или на оние кои што се студенти. Досега тоа некако се одвиваше како дел од сивата економија. Целта ни е да ја зголемиме продуктивноста и вработеноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата, рече премиерот. 

За овој нов закон кој треба да се носи по редовна постапка, Мицкоски додаде дека има и делумна поддршка од опозицијата. 

Стопанската комора на РСМ веќе најави дека со ова законско решение ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси од задолжителното социјално осигурување, а ќе придонесе и за сузбивање на неформалната економија

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк