Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тежок злостор го потресе Волково утрово: Кираџија го убил газдата, па си пресудил – застрелан е и синот на жртвата

by Уредник
24.03.2025
in Uncategorized

Утрово Волково осамна во крв и во солзи. Тежок злостор ја потресе мирната населба кога кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот, дознава Плусинфо.

Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го одзел животот со истрел во главата. Жителите раскажуваат дека ги разбудиле пукотници од огнено оружје, проследени со сирени на полицијата и на Брзата помош. Пред очите на соседите се открила ужасна глетка – телото на сопственикот лежело неподвижно и безживотно на скалите, во локва крв.

Но, трагедијата не застанала тука. Во очај и паника, убиецот се забарикадирал во една од собите, не дозволувајќи ѝ на полицијата да пристапи. По извесно време, со последен истрел ставил точка и на сопствениот живот.

Засега нема официјални информации за мотивот на убиството, ниту пак за околностите кои довеле до оваа страшна трагедија.

Соседите, потресени од настанот, велат дека ништо не навестувало ваква трагедија.

– Неколку истрели ме разбудија од спиење, а веднаш потоа се слушна детски плач и лелекање. Прво помислив дека е некоја детска шега со петарди, но за кратко време ги слушнав сирените на полицијата и на Брзата помош. Кога излегов во дворот, сфатив дека мојот прв комшија е убиен, а неговиот син е повреден во раката и однесен во болница – раскажува еден од првите соседи на жртвата.

На улицата владее тешка атмосфера, а полицијата сè уште врши увид на местото на настанот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо ја потврдија информацијата, но повеќе детали најавија во текот на денот.

Next Post
МЕТЕОАЛАРМ СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни претстојат многу врнежи, можни се поплавувања!

МЕТЕОАЛАРМ СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни претстојат многу врнежи, можни се поплавувања!

Четири пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба, осум треба да се вратат неделава

Четири пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба, осум треба да се вратат неделава

Препорачани Вести

Двојно зголемена парична помош за новороденчиња – Заложба на Орце Ѓорѓиевски за подобра иднина!

1 year ago

Меџити, Касами и Ибрахими контра Таравари: Немаме никаква комуникација со Али Ахмети

10 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.