Connect with us

Македонија

Видевски тврди дека не учествувал во киднапирањата на Вања и Панче, а признал оти го тепале во полиција

Каратистот Боре Видевски обвинет за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски за разлика од Велибор Манев кој раскажа во детали како првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо ги убил и Вања и Панче, вчера во Кривичниот суд негираше вина и тврдеше дека не учествувал во киднапирањата и убиствата на жртвите, а признал затоа што го тепале кога бил приведен во полиција.

Ја поддржувал партијата „Десна„ затоа што била блиска со неговите ставови, но во неговото сведочење немаше ништо дека тој се приклучил на групата која требало да киднапира, заради пари што им ги ветувал Палевски како што тврдеше Манев.

-Под одредени сознанија на претседателот на партијата, Љупчо Палевски, сметавме дека има некаква опасност да се смени името на МПЦ-ОА, во Црква на Северна Македонија. Се заземаа ставови. Првично се креираше една декарација за тоа прашање. Ние, членовите, имавме задача да ги собираме тие декларации од целата држава. Целта беше да се соберат најмалку 150.000 декларации, после да се направат митинзи, повеќе литии низ градовите во Македонија во тамошните цркви. Планот беше првата литија да се направи во Велес и затоа подготовките почнаа во Велес. Претпоставувам дека тоа што сме го гледале на видеата е една од таквите подготовки – рече Видевски.

Адвокатот го праша кај бил пред и на денот на киднапирањето на Панче Жежовски.

-На 21 бев на работа. Вечерта имав слава Св. Архангел Михаил. На 22 и на 23 ноември исто така бев на работа како и на 24.11.2023 година- рече Видевски и додаде дека обично на работа останувал до 15 часот.

На 26 ноември, ден пред да биде грабната и убиена Вања, за што во обвинението пишува дека Боре ја совладал Вања и со Велибор ја ставиле во гепекот на „ситроенот“ на убиениот Панче, тој кажа дека бил во Скопје и си заминал вечерта дома.

Утредента бил во Скопје во партијата „Десна”. Вели дека не ја грабнал Вања, тврди дека спиел и станал во 10 часот.

Приведен бил на 3 декември во полициската станица Велес, а потоа бил однесен во Скопје, каде бил многу тепан, за да признае.

Кога им кажал „не знам ништо“, уште повеќе почнале да го маваат, тврдеше тој. Не го мавале по главата, го удриле како што тврдеше, по трансплантираниот бубрег.

-Ме прашуваа зошто сум ги направил киднапирањата, убиствата. Ми покажуваа слики од нивните мобилни телефони, имаше една и од убиеното девојче. Но и една слика од лев дел на шофершајбна и странично десно стакло на вратата. Имаше човек, рака, дел од рамо и тегет адидас тренерка. Удираа и велеа еве си ти на сликата. На крајот го постигнаа тоа што го сакаа. Добија изјава во која јас сум виновен, ја направија изјавата и ме натераа да потпишам- даваше одбрана Видевски.

За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски исто така тврдеше дека рекол дека го знае под присила.

– Дојде третото лице со палка и ми рече ќе те убијам ако не кажеш дека го познаваш. Потоа и пред обвинителката тоа го кажав – рече Видевски. За убиствата првоосомничен Палевски, потоа Манев, Видевски, Влатко Кешишев, а Ѓорчевски се сомничи за помагање.

Извор: Слободен Печат

Advertisement

Македонија

Со три забрани за возење – „збогум“ на возачката

Пратениците ги изгласаа законите потребни за целосно да профункционира системот безбеден град: Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот. Останува да ги доусвојат уште измените во Законот за прекршоци, кој е во второ читање.

Покрај тоа, предложени се и измени во Кривичниот законик за да се усогласат со пакетот закони поврзани со системот „Safe city.“

Законските измени детално ја уредуваат целата постапка – од констатирањето на прекршокот, до изрекувањето на најстрогите мерки, а доуредуваат и други прашања.

Возачите што трипати ќе добијат забрана за возење, ќе останат без возачка дозвола.

Continue Reading

Македонија

Обвинени директор и управител: Комунален отпад ја загрозувал животната средина во Скопје

По спроведена истрага, Основното јавно обвинителство Скопје подигна обвинение против две лица, кои се обвинети дека заеднички извршиле сериозно кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, казниво по член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Според наодите од истрагата, во текот на октомври годинава обвинетите, со сериозни пропусти во вршењето надзор врз собирањето, транспортот и управувањето со отпадот, создале реална опасност од значително загадување на почвата, воздухот и водата, како и ризик по здравјето и животот на граѓаните и уништување на растителниот и животинскиот свет во поголем обем.

Првиот обвинет, како вршител на должност директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, постапувал спротивно на Статутот на претпријатието, Законот за комунални дејности и одлуките на Управниот одбор. Тој не ја спроведувал деловната политика, не ги извршувал своите основни надлежности, не ги следел и анализирал плановите и договорните обврски и не преземал мерки за нивна реализација. Дополнително, не обезбедил соодветна заштита на животната средина и не се грижел комуналните услуги да се вршат континуирано, квалитетно и со исправна опрема и инфраструктура, иако тоа му било законска обврска како раководител на јавно претпријатие.

Заедно со вториот обвинет – управител за отпад (подгрупа 5), вработен во областа на комуналните дејности и носител на уверение за положен стручен испит за управување со отпад издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање – тие, според обвинителството, со умисла постапувале спротивно на Законот за животна средина и Законот за управување со отпад. Наместо да преземат мерки за заштита на околината, тие не ги спроведувале плановите и програмите за управување со комуналниот отпад на територијата на Град Скопје.

Како директна последица на нивното постапување, редовното собирање и транспорт на безопасен комунален отпад не било извршувано, ниту била побарана измена на Оперативниот план и програмата. Со тоа, обвинетите овозможиле формирање диви депонии на јавни и сообраќајни површини, при што отпадот се одлагал околу и во непосредна близина на садовите за собирање.

Со оглед дека доказната постапка е целосно завршена и дека обвинетите повеќе немаат можност да влијаат врз истрагата, јавниот обвинител предложи притворот да им биде заменет со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во суд, како и привремено одземање на патната исправа или забрана за нејзино издавање.

За обвинетиот управител со отпад, кој и понатаму е вработен во ЈП „Комунална хигиена“, обвинителството предложи и дополнителна мерка, со цел спречување на понатамошно загрозување на јавниот интерес и животната средина.

Continue Reading

Македонија

Изборот за вршител на функцијата државен јавен обвинител одложен

Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере вршител на должноста државен јавен обвинител, откако пропадна итната седница поради отсуство на еден од членовите. Од Советот уверуваат дека станувало збор за оправдано отсуство.

„Седницата на Советот на јавните обвинители, закажана за 18 декември 2025 година во 11 часот, по предлог на член на Советот, а поради оправдано отсуство на еден од членовите, се одложува за 22 декември 2025 година, понеделник, со почеток во 11 часот“, соопштија од Советот.

Изборот на в.д. државен обвинител требаше да се реализира по итна постапка, откако досегашниот државен обвинител Љупчо Коцевски завчера поднесе неотповиклива оставка во Собранието. Оставката дојде токму на денот кога пратениците требаше да го разгледуваат предлогот за негово разрешување, поднесен од Владата.

По заминувањето на Коцевски, Собранието е обврзано во најкраток можен рок да распише оглас за избор на нов државен обвинител. До тогаш, функцијата ја врши вршител на должност, кој се избира од редот на републичките јавни обвинители, а го именува Советот на јавни обвинители.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг