Connect with us

Балкан

Милорад Додик побегна од налогот за апсење, откриено е и во која држава се наоѓа во моментов

Published

on

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, соопшти дека се наоѓа во Израел, пренесува БГНЕС. На 24 март, тој беше во Белград заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, каде ја одбележаа годишнината од воздушната операција на НАТО против режимот на Слободан Милошевиќ во Сојузна Република Југославија.

Не е јасно кога точно Додик отпатувал за Израел, но во моментот се наоѓа во Ерусалим. Ова патување се случува по издавањето на налог за апсење од Судот на Босна и Херцеговина (БиХ), поради обвиненијата за поткопување на уставниот поредок.

„Израел покажува дека слободата и безбедноста немаат цена, а народот кој знае кој е, нема да дозволи да биде мета или потчинет. Како што Израел се брани без извинување, така и Република Српска ја брани својата независност и правото да одлучува за својата иднина, чувајќи го заветот на своите предци. Србите и Евреите споделуваат истата историја на преживување на обиди за уништување, и затоа се разбираме и сме заедно“, изјави Милорад Додик во соопштение објавено од неговата партија СНСД.

Во исто време, Граничната полиција на Босна и Херцеговина започна истрага за тоа како Додик ја преминал државната граница со Србија.

На 24 март во Бања Лука, Додик најави „дипломатска офанзива“ од политичкото раководство на Република Српска, која вклучува средби со „светски лидери“, за да ги објасни своите политички потези, кои доведоа до најголемата криза во БиХ по потпишувањето на Дејтонскиот договор во 1995 година. Властите на Република Српска усвоија низа антиуставни закони со кои се забранува работата на државните и судските институции на БиХ на територијата на српскиот ентитет.

Балкан

Курти пред руски пранкстер зборува за сексуалноста на Ричард Гренел, близок соработник на Трамп (ВИДЕО)

Published

on

Откако бил измамен преку неговиот кабинет Курти пред руски пранкстер зборува за сексуалноста на Ричард Гренел, близок соработник на Доналд Трамп.

Косовскиот премиер во заминување Албин Курти бил излажан од руски пранкстер за кој верувал дека е претседателот на Латвија.

За време на повикот, Курти вели дека неговата влада била жртва на „хибридна војна“ што ја воделе Србија, Русија и нивните сојузници во Косово.

Тој ја обвини и опозицијата дека флертува со оваа „хибридна војна“.

Курти, во разговорот со лажниот претседател го обвини поранешниот американски амбасадор Ричард Гренел и сегашен близок соработник на претседателот Трамп дека помогнал во соборувањето на неговата влада за време на неговиот прв мандат и дека се усогласил со косовската опозиција.

Тој, исто така, зборува за работата на Гренел во Центарот Кенеди и неговата сексуалност при што наводниот Летонски претседател вели дека и тој е отворен геј по што Курти се извинува.

Видеото на овој линк

Continue Reading

Балкан

Две земји на Балканот се соочуваат со недостаток на работници, нудат плати и до 3.000 евра

Published

on

Хрватска се соочува со недостиг од околу 70.000 сезонски работници во секторите на туризмот, угостителството, градежништвото и трговијата оваа година, при што се очекува работниците од Босна и Херцеговина повторно да бидат најбројни, пренесува агенцијата ФЕНА.

Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, на крајот на минатата година најмногу странски работници во Хрватска биле од БиХ (38.100), следени од Непал (35.635) и Србија (27.988).

Хрватската стопанска комора истакнува дека сезонските работници се клучни за туризмот, кој традиционално вработува најголем број сезонски работници.

Поради економските трендови, инфлацијата и зголемената побарувачка на работна сила, платите во Хрватска постојано растат, што се одразува и на приходите на странските и сезонските работници.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во февруари оваа година изнесувала 1.361 евро. Новиот Закон за странци предвидува дека странските работници не смеат да имаат пониска плата од локалните на слични позиции.

„Еден од најголемите хотелски синџири во Хрватска, кој има локации долж Јадранот, ќе исплаќа плати од 1.500 до 2.000 евра нето во пикот на сезоната. Меѓутоа, за позиции како собарки, помошни готвачи, помошни келнери, кујнски работници и сервири, платите ќе се движат од 1.000 до 1.400 евра нето“, изјавија од Хрватската стопанска комора.

Покрај основната плата, повеќето работодавачи нудат и бонуси, како и бесплатен сместување и исхрана за сезонските работници.

Со новите измени во Законот за вработување странци, Словенија исто така нуди олеснети процедури за сезонска работа, а платите во некои сектори достигнуваат и до 3.000 евра.

Continue Reading

Балкан

Нови апсења во Истанбул, полицијата извршила претрес на 145 локации, што се случува таму во моментов?

Published

on

Турската полиција денеска уапси 106 лица во Истанбул во рамките на акција насочена против учесниците во протестите по апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу и високи функционери на опозициската Републиканска Народна партија (ЦХП), јави Анадолија.

Лицата биле приведени по претрес на 145 адреси на осомничени за учество во протестите од последните денови. Тие се обвинети за „непочитување на забраната за собири и демонстрации“ и „неизвршување на наредбите на безбедносните сили“.

Протестите во поддршка на Имамоглу продолжуваат и покрај забраните за собири во Истанбул, Анкара и Измир. Според турското Министерство за внатрешни работи, од 19 март до денес се уапсени вкупно 1.418 лица, вклучувајќи и 11 новинари.

Советот на Европа изрази загриженост за прекумерната употреба на сила против демонстрантите, додека Репортери без граници го осудија апсењето на новинарот од АФП во Истанбул.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк