Connect with us

Македонија

Полицијата во изминативе 24 часа напиша 667 казни, еве за што најмногу се казнуваше

Published

on

Вчера 667 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи како резултат на вчерашните (24.03.2025) активности на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли беа издадени вкупно 667 платни налози, по превземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).

Притоа, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број 253 мерки се однесуваат на непрописно паркирање. Потоа, 90 санкции се однесуваат на непочитување на брзината на движење, па следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 67, прекршоци за некористење на сигурносен појас 40 и за користење на мобилен телефон при возење 31 санкција.

Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, шестмина возачи управувале возило под дејство на алкохол, забележани се два прекршока заради неносење заштитна кацига, а санкционирани се и четири пешаци.

Покрај ова евидентирани се и 18 нерегистирани возила како и 11 возила кои што биле технички неисправни согласно ЗВ.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија

Македонија во очекување на нови поројни дождови, грмежи и невреме

Published

on

Најмалку до четврток (3 април 2025) во Македонија ќе продолжи периодот на многу променливо и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено и пообилни). Локално пак ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Ќе има услови и за појава на поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме) проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. На планините пак над 1600/1700 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

И во Скопскиот регион продолжува променливото и нестабилно време со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде кај нас ќе надминуваат 10 степени, на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу 15 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или близу 20 степени.

Да напоменам дека за време на овој период локално повторно во нашата Македонија ќе наврнат нови над 25/30 литри дожд на метар квадратен, што значи очекуваме уште повеќе врнежи во следниот период. Во зоната на нестабилност можно е да наврне и поголемо количество на воден талог за кратко време, со што се можни локални поплавувања, поради очекуваното невреме, но и можните локални поплавувања, апелирам на поголема внимателност кај граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Дете изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши – од Гостивар пренесено во Скопје

Published

on

Во ОВР Гостивар вчера било пријавено дека тригодишно машко дете од Гостивар било донесено во Ургентниот центар без свест и за укажување на лекарска помош. Според изјавата на родителите, детето проголтало гумена бонбона, по што почнало да се гуши и изгубило свест.

На детето му била обезбедена прва помош, а потоа било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Јавен обвинител е известен за инцидентот и се работи на расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Да бидеме сплотени и обединети како заедница, како општество и како држава

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, утрово упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.

– Од сè срце Ви посакувам празничните денови да ги поминете во хармонија и благосостојба, исполнети со радост и среќа, споделувајќи љубов и внимание со најблиските. Годинава во светиот месец Рамазан, во месецот на пост, молитва и простување, ни се случи незапаметена трагедија којашто нè потресе како заедница и како индивидуи. Нашите мисли се со семејствата на настраданите и со повредените. Без разлика на верска, етничка или каква било припадност, сите се солидаризираме и заедно тагуваме, истакнува во честитката Сиљановска-Давкова

Претседателката посочува дека живееме во свет којшто е разбрануван од бурни геополитички поместувања, а ние, како што вели „сме кревки и ранливи во многу општествени сегменти“.

-Пред нас се бројни предизвици и непредвидливи собитија. Да бидеме сплотени и обединети како заедница, како општество и како држава. Заедно можеме да ги надминеме и пребродиме сите тешкотии и проблеми. Со чиста мисла и со отворено срце за сите наши сограѓани, да ја направиме татковината просперитетна и достоинствена земја на среќни граѓани, наведува во честитката претседателката  Сиљановска-Давкова.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк