Connect with us

Македонија

Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани, продолжуваат и контролите за исполнување на безбедносните стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски вчера порача дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли  во сите јавни објекти низ државата,што стартуваа по трагедијата со пожарот во Кочани, нагласувајќи дека кај 70-80 проценти од објектите биле воочени огромни неправилности.

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за несреќата во дискотеката во Кочани каде во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди се проширува. Вкупно 11 јавни обвинители работат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Во меѓувреме продолжуваат контроли во јавни објекти низ државата, за проверка на документацијата, исполнувањето на обврските од лиценците и дозволите, на техничките услови за работа и безбедносните стандарди.

Сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава се безбедни,  информираше претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевскипо извршените вонредни инспекциски контроли во кои учествуваа и инспектори од централната власт. Најави дека инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, а дадени се препораки да се направат и строги контроли во сите станбени згради, а на потемелни контроли да подлежат и сите урбани опреми кои се поставени во општините.

Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, при што изречени се  решенија за привремена забрана на десет правни субјекти, кафулиња и клубови. Утврдено е дека 15 правни субјекти од вкупно 23, кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови, и се издадени 59 прекршочни платни налози во износ од 522 690 денари, информираше портпаролката на Владата Марија Митева.

Митева најави дека во координација со МВР, ДПИ овие денови почнуваат со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и настани, со посебен акцент на утврдување минимално-технички услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителство.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера порача дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли  во сите јавни објекти низ државата,што стартуваа по трагедијата со пожарот во Кочани, нагласувајќи дека кај 70-80 проценти од објектите биле воочени огромни неправилности.

-Можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности, зборувам конкретно за 70-80 проценти од објектите. Не зборувам за исклучоци, туку за пракса која што функционирала и повеќе нема да функционира, рече премиерот на настанот за реконструкција и пренамена на стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш.

Мицкоски потенцира дека разработуваат акциски план за одреден период да се прогласи мораториум и да се отстранат сите тие неправилности за оние кои сакаат да функционираат со дејноста со која што функционирале.

Премиерот, исто така, посочи дека протестите се демократска алатка на изразување на незадоволство и потенцираше дека апсолутно го поддржува изразувањето на револт и гнев, затоа што, како што рече, уште многу работи пред нас останаа да се решат.

– Но, ќе се бориме до последен атом, енергија, којшто го имаме да исправиме нешто во името на идните генерации, коишто доаѓаат. Преку ноќ не може ништо да се направи, иако направивме многу работи, ќе повторам изминатиот период. Поразивме неколку мафијашки здруженија, коишто за жал функционираа во државата, ќе продолжиме и во периодот, којшто следи. Но, од сега па натаму, јас само би посакал сите да останеме фокусирани и обединети во решавање на проблемите, рече Мицкоски.

Вчера во Скопје се одржа протестен марш, кој почна со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, од плоштадот „Македонија“. Учесниците потоа се упатија кон  Собранието, од каде стигнаа пред Владата.

Организаторите на протестот, граѓанското движење „Кој е следен?“, порачаа дека не се поврзани со ниту една партија и дека очекуваат транспарентност од истражните органи.

– Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“.

Опозициската СДСМ вчера порача дека селективност не смее да има, и повика да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани, додека од ДУИ претходно излегоа со порака дека молкот за трагедијата во Кочани заврши, сега мора да се зборува, обвинувајќи дека власта без да ги почека фактите, ја активираше машинеријата за префрлање вина.

Јавното обвинителство информира дека тимот што постапува во истрагата за трагичниот пожар во Кочани е проширен на 11 јавни обвинители, како и дека е планиран распит на повеќе од 300 сведоци и други истражни дејствија.

Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, вчера одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоениот план на активности и динамика.

-Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.

Ова е трето проширување на обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани. Првично, на 16 март, веднаш по несреќата во Кочани, јавниот обвинител формираше обвинителски тим во кој беа вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје. Потоа обвинителскиот тим, еден ден подоцна, беше проширен на девет обвинители и го сочинуваа двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвинителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. По 30-девниот притвор за седумте полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани, како што информираа завчера од Основниот суд Кочани таква мерка е  определена за сите 24 лица за кои имаше барање од Основното Јавно обвинителство. Меѓу 24. лица за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев, поранешниот министер за економија Крешник Бекштеши.

Advertisement

Македонија

Туфегџиќ: Ревизија на предметите во ОЈО клучна за враќање доверба во правосудството

Вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, адвокатот Владимир Туфегџиќ истакна дека новоизбраниот јавен обвинител треба итно да спроведе ревизија на проблематични предмети во Јавното обвинителство.

„Новиот јавен обвинител веднаш да спроведе контрола на законите во неколку предмети на сите обвинители по случаен избор. Ќе испливаат на површина обвинители кои имаат хроничен проблем со обвиниение, со начинот на постапување, со менаџирање на постапка, со прибирање на докази. Јавното обвинителство ќе добие реална слика кој како постапува, и ќе видите дека шест месеци колку трае истрага, во голем дел не е преземено ниту едно дејствие“, рече Туфегџиќ.

Адвокатот нагласи дека ревизијата е клучна за враќање на довербата на јавноста во работењето на обвинителството.

Continue Reading

Македонија

МВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека автоматизираниот систем за сообраќајно санкционирање „Безбеден град“ ќе почне со работа на 1 февруари 2026 година, еден месец подоцна од првично најавениот датум.

Одложувањето доаѓа во период кога јавноста сè уште е фокусирана на состојбата во Скопје, а тестирањата на системот продолжуваат и во Тетово и Куманово – градови во кои истовремено со главниот град треба да почне издавањето автоматски казни.

Теренското тестирање покажа дека дел од камерите не регистрираат прекршоци, особено при мали надминувања на брзината. Советничката во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Снежана Петровиќ-Арсовска, потврди дека се разгледува воведување праг на толеранција, но конечната одлука сè уште не е донесена.

Повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово, како и на коридорите 8 и 10, веќе се покриени со камери, но дел од нив не функционираат целосно или не се калибрирани. Најголемиот број регистрирани прекршоци досега доаѓаат од скопската обиколница, каде системот издаде опомена за само едно надминување на брзината за време на тестирањата.

Во Тетово и Куманово ситуацијата е поизразена – на многу локации камерите воопшто не биле активни или не регистрирале прекршок, иако намерно биле направени неколку. Дополнителен проблем е постојаното непрописно паркирање, за што МВР најавува дека ќе се користат специјализирани патролни возила со опрема за снимање кои ќе кружат низ градовите.

Во Куманово, само неколку дена по тестирањето, се забележани нови точки на кои се поставуваат свежи камери – што укажува дека системот сè уште се надградува.

Од МВР велат дека „Безбеден град“ ќе биде пуштен во целосна функција од 1 февруари, а до тогаш продолжува тест-фазата и калибрацијата. Дополнителниот месец, според надлежните, треба да го обезбеди потребното време за проверка на техничките параметри, но и да им даде можност на возачите да ги коригираат своите навики пред почетокот на автоматизираното казнување.

Извор: 360степени

Continue Reading

Македонија

Андоновски: Родителите да имаат увид во изборот на деца за мобилни апликации – кон корисни и образовни содржини

И покрај австралискиот преседан со законска забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, Македонија засега цврсто стои настрана од радикални забрани. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потврди дека прашањето се разгледува, но изрази сериозни сомнежи во врска со примената и подготвеноста на општеството за ваков драстичен чекор.

„Секоја забрана треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, таа ќе придонесе некои да се снаоѓаат, а некои да излезат целосно од контрола.“ – истакна Андоновски, потенцирајќи го ризикот од неефикасност и заобиколување на мерките.

Наместо да се посегне по забрани, министерот го гледа решението во едукацијата и интензивната работа со родителите. Според него, одговорноста е на семејствата да го насочат времето што децата го минуваат на мобилните телефони кон корисни содржини, а не кон бесцелни „натпревари“ и „губење време“.

Прашан за личниот став во врска со австралискиот закон, Андоновски беше директен и скептичен:

„Моето очекување е дека нема да успее проектот целосно, затоа што првите најави веќе покажуваат дека се наоѓаат начини преку технички уреди и врски да се заобиколат забраните.“

Министерот потсети дека во земјава веќе се работи на заштита на децата преку Центарот за побезбеден интернет. Тој децидно појасни дека секој социјален медиум веќе има возрасна граница под 16 години.

Ако родителите го имплементираат тоа кај своите деца, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство и да одлучува што смеат, а што не смеат.

Со ова, Владата ја префрла топката назад кај родителската контрола, сугерирајќи дека државната интервенција во приватниот семеен избор е последна и најтешка опција.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг