Вкусна торта за 10 минути без печење. Лесна, брза и многу вкусна!
Потребни состојки:
300 г наполитанки
180 г крем сирење (Филаделфија или Маскарпоне)
400 мл слатка павлака за шлаг
200 г кондензирано млеко
Упатство за подготовка:
Измелете ги наполитанките и ставете ги на дното од калапот за торта, натапкувајќи ги со прстите. Во посебен сад, соединете го крем сирењето и ладната слатка павлака. Со миксер матете додека смесата не се згусне.
Додајте го кондензираното млеко и продолжете да матите додека сè не се изедначи. Смесата распоредете ја врз основата од наполитанки, израмнете ја и оставете да се стегне во фрижидер најмалку 2 часа.
По желба, декорирајте ја тортата и послужете. Пријатен апетит!








![Пожар во отпадот за старо железо „МИКОМП“ кај Прилеп [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/11/screenshot-2025-11-05-111724.png)

