Connect with us

Спорт

Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако синоќа по два сета го совлада 16. пласираниот на АТП листата Италијанецот Лоренцо Мусети со 6:2, 6:2.

Петтопласираниот тенисер во светот дојде до победа по еден час и 23 минути игра.

Во првиот гем од првиот сет Италијанецот направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер потоа нанижа шест гемови и поведе со 1-0 во сетови.

Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка во вториот гем од вториот сет и со сигурен сервис во следниот гем поведе со 3:0. До седмиот гем двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, кога Ѓоковиќ ја искористи првата меч поен на сервис на Мусети.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против светскиот рекет број 25, Американецот Себастијан Корда. 

Advertisement

Спорт

Ландо Норис со историска круна во драматичен финиш на сезоната

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, и официјално е новиот светски шампион во Формула 1. Во една од највозбудливите и најнеизвесни сезони во последната деценија, Британецот со минимална предност од само два бода над актуелниот шампион Макс Верстапен ја освои својата прва титула во кариерата.

Во последната трка од сезоната, возена во Абу Даби, Верстапен стигна до победата, но третото место на Норис му беше доволно за да го задржи врвот во генералниот пласман. На подиумот се искачи и Оскар Пјастри, тимскиот колега на Норис во Мекларен, кој заврши втор на трката, а сезоната ја комплетираше како трет во генералниот поредок.

Мекларен одамна ја имаше осигурено титулата кај конструкторите, оставајќи ги зад себе Мерцедес и Ред Бул во една доминантна година за тимот од Вокинг.

Continue Reading

Спорт

Битола во зелено-бела еуфорија: Салата „Боро Чурлевски“ распродадена за дербито со Вардар

Битола повторно потврди дека ракометот е дел од срцето на градот. За дербито меѓу РК Пелистер и РК Вардар, сите билети се распродадени, а салата „Боро Чурлевски“ ќе прелива од навивачи.

Во среда, зелено-белите поддржувачи ќе го претворат спортскиот дом во вистински вулкан на емоции, носејќи го градот низ магијата на ракометот. Традицијата, страста и победничкиот дух на Битола повторно ќе се чувствуваат во секој агол на арената.

Само Битола, само Пелистер, само зелено-белиот дух.

Continue Reading

Спорт

ВАР технологијата добива нови правила на Светското првенство во САД

Првиот човек на судиите во ФИФА, Пјерлуиџи Колина, потврди дека на претстојното Светско првенство во САД ќе бидат воведени значајни промени во ВАР технологијата, со цел да се зголеми прецизноста на судиските одлуки и да се зачува фер-плејот.

Една од најзначајните новини е што ВАР ќе може да интервенира при можен втор жолт картон. Досега системот не се вклучуваше во ситуации поврзани со жолти картони, но од сега натаму, доколку играч веќе има жолт картон и направи прекршок што може да биде основа за втор жолт, ВАР ќе предложи преглед на ситуацијата.

Втората промена се однесува на корнерите. ВАР ќе проверува дали корнерот е правилно досуден, бидејќи во изминатите години често се случуваа голови по погрешно досудени корнери. Проверката ќе се спроведува за 10–15 секунди, без дополнително одложување на играта.

Колина истакна дека главната цел е натпреварите да се решаваат исклучиво според играта на теренот, со минимални интервенции кои не го забавуваат натпреварот.

Овие промени ќе важат само за Светското првенство во САД, по што ФИФА ќе одлучи дали ќе ги воведе во стандардниот ВАР протокол.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг