Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Јаневска: 130 психолози обезбедуваат дополнителна психосоцијална поддршка за учениците, наставниците и родителите по трагедијата во Кочани

by Уредник
26.03.2025
in Uncategorized
Јаневска: 130 психолози обезбедуваат дополнителна психосоцијална поддршка за учениците, наставниците и родителите по трагедијата во Кочани

Постојано се зголемува бројот на психолози кои се вклучуваат во давањето психосоцијална поддршка за учениците, нивните родители и наставниците по трагедијата во Кочани. Минатата недела имавме 100тина, оваа недела во мрежата на училишни психолози имаме 130. Сите тие поминаа специјализирана обука за постапување во оваа кризна ситуација и се активни на терен.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на вчерашната посета на неколку училишта во Штип, информирајќи дека на територијата на оваа општина ангажирани се дополнителни 10тина психолози во рамки на образовните установи.

„Министерството за образование и наука заедно со повеќе други страни – УНИЦЕФ, Институтот за психологија при УКИМ, Комората на психолози и Црвениот крст, прават напори за да обезбедат соодветна психолошка помош и психосоцијална поддршка за оние на кои им е потребна, а особено на најмладите. Веднаш по трагедијата подготвивме насоки за училиштата, за наставниците и родителите. Споделивме и лични контакти за телефонски совети и разговори. Беа отворени и наменски линии достапни 24/7“, рече Јаневска.

Додаде дека настанот предизвика траума кај целата јавност, а особено кај децата, кои како што рече, не смееме да ги препуштиме сами на себе.

„Во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со Комората на психолози, отворивме и Центар за младинско советување и тоа е всушност збирното место на психолозите од каде потоа тие заминуваат да работат во училиштата во Штип, а секако работат и со студентите во градот кои ценат дека во оваа ситуација, добро ќе им дојде разговор и насока како полесно да се справат со предизвиците“, рече министерката, посочувајќи дека претстои долг период на рехабилитација и многу работа со младите.

Министерката напомена дека важен аспект на кој МОН ќе се посвети заедно со локалните самоуправи е одржувањето на безбедносните стандарди во училиштата низ целата територија.

„Минатата недела се обративме до општините за проверка во сите училишта дали постои проценка на ризици од кризни состојби, план за справување со кризни состојби, дали има соодветна и функционална опрема како ПП апарати, хидранти и слично. Според информациите кои ги добивме од ЗЕЛС, сите проверени училишта досега, а тоа се некаде над 90% од објектите, се безбедни и мора да се погрижиме така и да остане“, рече Јаневска.

Next Post
ФОТО: Први фотографии од спроведувањето на сопственикот на „Пулс“

ФОТО: Први фотографии од спроведувањето на сопственикот на „Пулс“

Хаос во Скопје: Кршел автомобили и прозорци, па се заканувал на сосетката со остар предмет, заврши во здравствена установа

Хаос во Скопје: Кршел автомобили и прозорци, па се заканувал на сосетката со остар предмет, заврши во здравствена установа

Препорачани Вести

Разочарување за Украина: Специјалниот пратеник на Трамп со изјава за Русија

Разочарување за Украина: Специјалниот пратеник на Трамп со изјава за Русија

8 months ago

Софија со демарш до Братислава поради изјавите на словачкиот претседател во Скопје

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.