Connect with us

Македонија

„Го опоменувам Судот“… Палевски бараше од судот непостоечки доказ!

Судењето за грозоморното убиство на Вања и Панче со засилена динамика, првообвинетиот во обид да одолговлекува

На денешното судење немаше време да се започне со одбраната на обвинетиот Влатко Кешишев, човекот кој буквално му слугувал на Палевски во партијата Десна, му готвел, му го шетал кучето, ама и човекот кој ја однесе полицијата до местото каде што е егзекутирана и закопана Вања Ѓорчевска. Првообвинетиот Љупчо Палевски речиси еден час влезе во расправа со обвинителките и судот, барајќи им непостоечки доказ, наводна снимка од движењето на „рено-кангуто“, кое го вози токму тој и им дава инструкции на останатите на денот на убиството на девојчето

Судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се прекина бидејќи првообвинетиот Љупчо Палевски речиси еден час бараше доказ за кој подоцна обвинителката кажа дека таква видеоснимка, на која инсистира обвинетиот, не постои.

– Таков доказ, односно видеозапис, наводно од камера број 67, не постои, сите податоци се добиени согласно наредбите за препознавање на таблиците преку системот на МВР за возилата „цитроен“ и „рено“, кажа обвинителката Жаклина Крстевска. Обвинетиот и неговиот бранител бараа некакво це-де од видеокамерите на проектот „паметен град“ за движењето на „рено-кангуто“, откако претходно пак инсистираа на записници во печатена форма. Очигледна е нервозата кај првообвинетиот, како што се доближува завршницата на процесот, па во еден момент си дозволи, обраќајќи му се на судијата Ивица Стефановски со зборовите „Го опоменувам Судот“… по што судијата му забележа на однесувањето. Палевски цело време креваше рака и бараше процедурално, па немаше време да се почне со одбраната на обвинетиот Влатко Кешишев, човекот кој буквално му слугувал на Палевски во партијата Десна, му готвел, му го шетал кучето, ама и човекот кој ја однесе полицијата до местото каде што е егзекутирана и закопана Вања Ѓорчевска.

Но, она што му одеше во прилог на денешното судење беше негирањето на вина од страна на обвинетиот Боре Видевски. Нему Палевски, за разлика од соочувањето со Велибор Манев, му постави само три прашања. – Дали сте се возеле во „цитроенот“ на Жежовски? – Кажав дека немам врска со случајот, одговори Боре. – Дали го негирате обвинението во целост? – Да. – Дали полицијата ве праша дали поседувате оружје? –Не, кусо одговори Видевски.

Претходно, обвинителките наизменично ги читаа двете изјави на обвинетиот Видевски дадени во истрагата во Јавното обвинителство. Во првата, веднаш по неговото приведување, на 04-12-2023 година признал дека во групата влегол поради финансиска криза, а на предлог на Велибор, кој му кажал дека им треба човек за собирање пари со изнуда. За разлика од Велибор, кој тврдеше дека планот бил да грабнат повозрасна жена, Боре кажал пред обвинителот дека по планот и сликите што му ги покажувал Палчо, станува збор за киднапирање на девојче за кое се знае точно во колку часот излегува од дома, по информации добиени од нејзиниот татко. Велибор ја отворил влезната врата од зградата на Ѓорчевски со шрафцигер, ја чекале во ходникот половина час. Според првата изјава на Боре, за која сега тврди дека била насила изнудена по полицискиот ќотек, тој ја турнал Вања, а Велибор ја качил на рамо завиткана во зелена вреќа за спиење и ја ставил во ѓепекот од „цитроенот“ на Панче. Мобилниот телефон на девојчето Велибор го искршил со чекан. Со врзани раце и нозе, Вања кусо била жива во местото викано Оризови Дупки, во една дупка ама претходно ископана од обвинетите.

„Палчо ги уби (Панче и Вања) со истиот пиштол, откако ја праша што ѝ работат родителите, а таа кажа дека мајката ќе даде сè што ќе побараат и оти имаат станови. Потоа слушнав како Палчо ѝ пука во главата, а кога го прашав зошто ја уби, тој само ги крена рамениците”, кажал обвинетиот во првиот исказ и признал дека Палевски планирал да бара пари од семејството и откако ја убил.

Во втората изјава, која Боре ја давал во обвинителството на 21-12-2023 година, исто како и сега на судењето, негирал сè што претходно рекол, односно каква било поврзаност со случајот. Соочувајќи го со доказите на обвинителството, судијата инсистираше кај Видевски да појасни неколку работи.

– Ги видовте снимките. Зошто клекнувавте со Кешишев зад колата пред дворот на Велибор кога поминува едно возило? – праша судијата. – Не сум се криел од нешто или некого. Немам поим зошто сум клекнал, можеби ми пречело нешто на главата, па сум се поднаведнал – одговори обвинетиот.

– На снимките се гледа дека на одреден датум доаѓате кај Велибор дома со вашата „шкода фелиција“, со изгаснати светла, во раните утрински часови, се гледа како ставате ракавици. Така ли е и зошто ставате ракавици? – праша судијата. – Не сум сигурен за саатницата и за датумите, мислам дека тоа не е во раните утрински часови, туку е навечер. Не знам ни сам која беше причината, мислам дека ми се јави Велибор да дојдам и ми рече ајде да се спуштиме надолу по патот и ми ги даде ракавиците. Без да размислам ги ставив и продолживме, но се вративме за десетина минути, бидејќи не видов никаква цел каде да се оди, одговори Боре. – Каде е вашиот пиштол? – го запраша судијата, на што овој рече дека не може да се сети каде го ставил, можеби бил изнесен некаде надвор. По нејасниот одговор на Видевски, судијата Стефановски нервозно бараше одговори.

– Го изнесе некој комшија или вие? – Јас го изнесов, но не се сеќавам каде го дислоцирав – рече Боре. – Надвор од куќата го изнесовте? – праша судијата.– Мислам дека да – рече Боре и додаде дека не може да се сети каде го однел.– Изнесовте пиштол и не се сеќавате каде е? – праша судијата.

Судијата закажа вкупно шест термини за рочишта на кои треба да се заврши со одбрана на останатите обвинети, следен да сведочи е Влатко Кешишев, па Александар Ѓорчевски и крајот е резервиран за Палевски. Тој денеска го отповика сведокот, кој според него требаше да потврди дека на денот на убиството на Вања заедно чекале ред во банка, бидејќи ја одбил поканата на Судот да дојде да сведочи. Судењето продолжува на 2 април.

Извор: Вечер

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг