Connect with us

Економија

МФ: Водиме кредибилни и конзистентни макроекономски политики, потврден кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед од „Фич“

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Агенцијата нотира дека во 2024 година реалниот раст на БДП достигна 2,8% и покрај надворешните потешкотии и дека е над проекциите заради силната јавна потрошувачка и инвестициите. Фич очекува растот на економијата во 2026 година да достигне 4% како резултат на реализација на инвестициите на коридорот 8 и 10д. Посочуваат во извештајот дека инвестициите остануваат силни, но дека слабиот раст на продуктивноста и неповолните демографски движења претставуваат ограничувачки фактори на растот на среден рок. Нотираат дека се забележани силни приливи на странски директни инвестиции. Странските нето директни инвестиции, како што наведуваат, се највисоки во последните 17 години и се искачија на 7,1% од БДП во 2024 година како резултат на високи инвестиции во слободните економски зони. Невработеноста според „Фич“, останува структурно висока поради недостаток на вештини и нерамномерен регионален економски развој. Растот на платите е силен и во периодот 2022-2024 година изнесува во просек 13% годишно и немаше негативен ефект врз конкурентноста.

Во извештајот „Фич“ наведува дека во 2024 година е остварен буџетски дефицит од 4,6% што е помалку од ревидираниот со Ребалансот на ниво од 4,9%, како резултат на повисоките приходи и недоволнотото извршување на капиталните расходи. Во 2025 година „Фич“ не очекува промени кај буџетскиот дефицит заради проектираниот повисок износ на капитални расходи и нормализирање на расходите за пензиите и социјалните фондови. Позитивно влијание врз приходната страна очекува од воспоставувањето на е-фактурата. Агенцијата смета дека грантовите од Планот за раст на Западен Балкан ќе придонесат за намалување на дефицитот на 4% до 2026 година. Долгот според „Фич“ на среден рок ќе надмине ниво од 58% од БДП.

Инфлацијата во 2024 година просечно е на ниво од 4,2% и според „Фич“ главни двигатели се силниот раст на платите, зголемената домашна побарувачка, заедно со силниот кредитен раст на приватниот сектор.

Кредитниот рејтинг се изготвува врз основа на анализи на политиките што ги спроведува земјата. Тој го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носењето на нивните одлуки.

Кредитен рејтинг за земјата изготвуваат кредитните агенции „Фич“ и Стандард и пурс“, два пати во годината.

Advertisement

Економија

УЈП изрече забрани за работа на 113 фирми поради неиздавање фискални сметки

Секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи открива дека даночните обврзници не издаваат фискални сметки. Од околу 4.000 спроведени контроли, изречени се повеќе од 2.500 казни, а кај 113 правни субјекти е изречена мерка забрана за вршење дејност.

„Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет“, информираат од УЈП.

Инспекциските служби утврдиле и други неправилности, меѓу кои неуплаќање на дневниот промет на банкарска сметка и неводење книга на дневни финансиски извештаи.

Continue Reading

Економија

ВЛЕН: Економскиот раст ја покажува ефективноста на работата на министерот Бесар Дурмиши

ВЛЕН ја поздравува објавената стапка на раст на Бруто домашниот производ од 3,8 проценти во третото тримесечје, соопштена од Државниот завод за статистика, оценувајќи дека овој резултат е јасен показател дека економијата се консолидира и се движи во вистинска насока.

Според партијата, ваквиот раст ја позиционира државата меѓу економиите со солидни перформанси и ги одразува позитивните ефекти од политиките насочени кон економска стабилност, привлекување инвестиции и создавање нови можности за вработување.

ВЛЕН посочува дека постигнатите резултати се тесно поврзани со работата на Министерството за економија и труд под раководство на министерот Бесар Дурмиши, кој од првиот ден се фокусирал на подобрување на условите за бизнис-заедницата и стимулирање на инвестициите. Овие чекори, велат од партијата, веќе даваат резултати преку отворање нови работни места и постепено зајакнување на економијата.

„Растот го покажува променетиот пристап. ВЛЕН ќе осигури оваа промена да продолжи да се продлабочува секој ден“, стои во партиското соопштение.

Continue Reading

Економија

Унгарската МОЛ со амбиции да преземе дел од „Лукоил“

Унгарската енергетска компанија МОЛ изразила интерес за купување на дел од меѓународните средства на санкционираниот руски нафтен гигант „Лукоил“, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со разговорите. Со тоа, МОЛ се приклучува на сè поголемиот круг потенцијални купувачи заинтересирани за имотот на „Лукоил“ во странство.

Санкциите што САД ги воведоа во октомври врз најголемиот приватен руски производител на нафта имаат за цел да извршат притисок врз Москва да ја прекине војната во Украина. Како резултат, „Лукоил“ беше принуден да стави на продажба значаен дел од своите странски операции, а моментално преговара со „Ексон Мобил“, „Шеврон“ и инвеститори од Блискиот Исток. Вашингтон претходно ја одби швајцарската компанија Гунвор како можен купувач.

Странските средства на „Лукоил“ со седиште во Виена опфаќаат рафинерии во Европа, удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак и Мексико, како и широка мрежа бензински пумпи ширум светот. Според еден од изворите на Ројтерс, МОЛ е заинтересирана за европските рафинерии и продажната мрежа на „Лукоил“, како и за удели во капацитетите за производство во Казахстан и Азербејџан.

Американското Министерство за финансии одбило да даде коментар, а МОЛ и Белата куќа не одговориле на новинарските прашања.

Унгарија значително се потпира на руската енергија, а премиерот Виктор Орбан, кој е 15 години на власт, настојува да одржува балансирани односи со Москва и Вашингтон. Ројтерс потсетува дека МОЛ е заинтересирана и за купување на српската рафинерија НИС, која исто така е под американски санкции и се наоѓа под руска контрола.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг