Connect with us

Магазин

Ноќ за помалку спиење: Овој викенд времето „лета“ еден час напред!

Published

on

Викендов почнува летното сметање на времето, со што ќе имаме подолг ден. На 30. март во 02:00 часот се поместуваат стрелките за еден час нанапред, па така времето во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.

Промените во телесниот часовник може да доведат до проблеми со спиењето кои траат со недели, а научните истражувања покажуваат дека постои зголемен ризик од срцеви и мозочни удари веднаш по преминувањето на новото време. Покрај тоа, летното сметање на времето е поврзано и со пораст на сообраќајните несреќи, особено во утринските часови.

Телесниот часовник, или деноноќниот ритам, се регулира преку изложеноста на светлина. Утринското сонце го ресетира ритамот, додека вечерната светлина го одложува лачењето на мелатонин – хормонот кој предизвикува поспаност. Со поместувањето на времето во март, телото тешко се приспособува на новиот ритам, што доведува до замор, недостаток на концентрација и зголемен ризик од хронични болести.

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон е поврзан со зголемен крвен притисок, срцеви заболувања, дебелина и когнитивно опаѓање. Сообраќајните несреќи со фатални последици исто така се зголемуваат во првите неколку дена по преминот на летното време. Анализите во САД покажале дека ризикот е најголем во утринските часови, кога возачите се најмалку одморени.

Лекарите предупредуваат: Првиот понеделник по промената е критичен

Според Американското здружение за срце, бројот на срцеви удари значително расте во понеделник по воведувањето на летното сметање на времето, додека мозочните удари се зачестени два дена подоцна. Истражувачите не се сигурни зошто ова се случува, но се претпоставува дека ненадејното нарушување на телесниот ритам дополнително ги влошува веќе постоечките здравствени проблеми како што се висок крвен притисок и срцеви заболувања.

Како да се прилагодите на летното сметање на времето?

Експертите советуваат неколку стратегии за полесно адаптирање на новото време:

– Легнувајте 15-20 минути порано во деновите пред промената.

– Будете се во исто време секое утро за да помогнете во регулирањето на телесниот часовник.

– Изложете се на утринско сонце, особено во првата недела од новото време.

– Прилагодете ги дневните рутини, како што се времето за вечера или вежбање.

– Избегнувајте попладневни дремки, кофеинот и користењето на мобилни уреди навечер, бидејќи тие дополнително го одложуваат циклусот на спиење.

Магазин

Рецепт на денот: Традиционална македонска мусака – прсти да излижеш!

Published

on

Состојки:

500 г мелено месо (по желба свинско, говедско или мешано)

3-4 средни компири

2 главици кромид

2 чешниња лук

1 чаша доматно пире (или 2-3 домати)

1 чаша јогурт

2 јајца

3-4 лажици брашно

100 мл масло

Сол и бибер по вкус

1 лажичка зачин за мусака (по желба)

Малку млеко (за посна варијанта може да се користи само вода)

Подготовка:

Подготовка на компирите: Компирите излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Варете ги во солена вода околу 5 минути, само да омекнат малку, но да не се сварат целосно. Потопете ги во ладна вода за да се запре процесот на готвење.

Мелено месо: Во голема тава загрејте малку масло и додајте го исецканиот кромид и лук. Пржете ги додека не станат проѕирни. Потоа додадете го меленото месо и пржете го додека не добие златно-кафеава боја. Додадете доматно пире или ситно сецкани домати, и зачинете со сол, бибер и по желба некои зачини. Оставете да се готви 10-15 минути, додека не се апсорбира течноста.

Подготовка на бешамел: Во мала тава загрејте масло и додајте брашно. Пржете го брашното неколку минути, а потоа постепено додавајте млеко (или вода ако правите посна мусака) и мешајте додека не добиете густа и кремаста смеса. Во бешамелот додајте јајца и јогурт, и добро измешајте. Оставете да се олади малку.

Слоеви: Во подмачкан огноотпорен сад започнете со поставување на слоевите: прв слој од компири, потоа слој од прженото месо и на крај прелејте со бешамел смесата. Повторете со уште еден слој, доколку е потребно, внимавајќи да завршите со бешамел смесата на врвот.

Печење: Загрејте ја рерната на 180°C и печете ја мусаката околу 45-50 минути или додека не добие златно-кафеава боја на врвот.

Служете: Оставете да се олади неколку минути пред да ја послужите, за да се зацврсти и подобро да се сече. Служете ја со свежа салата или јогурт од страна за комплетен оброк.

Уживајте во вашата домашна мусака!

Continue Reading

Магазин

Има 55 години, но затегнато и витко тело: Фитнес инфлуенсерката вели дека консумира по 15 јајца на ден (ФОТО)

Published

on

Андреа Саншајн (55) е фитнес инфлуенсерка која го освојува светот со својата фигура и необичната исхрана. Таа секој ден јаде 15 јајца, кои ги нарекува најдобар природен протеин за совршена форма!

Андреа е позната на социјалните мрежи по своите фитнес совети и интригантниот љубовен живот. Таа открила необичен трик кој и помага да ја одржи завидната форма – јаде дури 5.400 јајца годишно!

Оваа 55-годишна жена од Лондон, баба на двајца внуци, признава дека носи варени јајца дури и на состаноци.

На моите дејтови момците се смеат, но разбираат, повеќето од нив доаѓаат од светот на фитнесот – изјавила таа.

Андреа секојдневно јаде 15 јајца, што е 450 месечно, и вели дека тоа е клучно за нејзиното витко тело.

Тврди дека има такво тело благодарение на јајцата.

Никогаш не се откажувам од рутината, дури и кога сум надвор од куќата. Јајцата ги носам во контејнер или кеса каде и да одам – додала таа.

Нејзината фасцинација со јајцата започнала во текот на менопаузата, кога и помогнале во решавањето на проблемите со надуеност и киселини во стомакот.

Јајцата се поевтини од месото и имаат безброј начини на подготовка, никогаш не ми досадуваат – вели Андреа.

Андреа тврди дека немала непријатности, како што е лош мирис на здивот или гасови. Таа тајната ја гледа во чистата исхрана, хидратацијата и пробиотиците.

Покрај осумчасовните тренинзи и други ритуали, како што е јога, Андреа истакнува дека јајцата и помагаат да го одржи младешкиот изглед. Троловите често ја нарекуваат премногу мускулеста, но таа останува доследна на својот начин на живот, привлекувајќи мажи на сите возрасти – дури и оние што се двапати помлади од неа.

Continue Reading

Магазин

Зошто Хју Хефнер им забранувал на девојките да користат црвен кармин?

Published

on

Поранешната девојка на основачот на Playboy, Холли Мадисон (45), откри ново бизарно и строго контролирано правило кое Хју Хефнер го поставил за своите девојки додека живееле со него во познатата вила во Калифорнија. Според нејзините зборови, Хефнер имал посебен “проблем” со една од најкласичните работи во козметичката торбичка – црвениот кармин.

Во подкастот *Ahead of the Curve*, Холли раскажала како црвениот кармин бил забранет во Playboy вилата.

„Мислам дека тоа беше форма на контрола“, рекла таа, истакнувајќи дека новите девојки на почетокот имале повеќе слобода, додека Хефнер не ја презел целосната контрола врз нивниот изглед.

„Тој велеше дека црвениот кармин го носат постари жени“

„Кога првпат дојдов, неколку пати излегував со црвен кармин и тој не рекол ништо“, се присетила. „Новите девојки секогаш беа подобро третирани. Подоцна, кога бев неговата главна девојка и живеев во неговата соба, почна да се чувствува доволно слободно да ми вика поради тоа.“

Според Холли, Хефнер сметал дека црвениот кармин изгледа „зрело“, односно дека го носат постари жени, што не се вклопувало во неговата визија за „млади, свежи и невини“ девојки, која ја создавал уште од 1950-тите кога го започнал Playboy.

„Бев под огромен притисок да изгледам како останатите девојки“, рекла таа. „Попуштив под тој притисок – еднаш ја одсеков косата само за да изгледам малку поинаку, а тој потполно полуде.“

И други жени зборувале за животот во вилата

Ова не е првпат поранешните девојки на Хју Хефнер јавно да зборуваат за животот во Playboy вилата. Неговата трета жена, Кристал Харис, претходно откри како нивните интимни односи биле „ладни и роботски“, без вистинска блискост, додека Кендра Вилкинсон изјавила дека животот во Playboy ѝ го нарушил капацитетот за искрени односи со партнери после тоа.

„Гледајте, сè уште денес се бориме со моите врски и погледите на сексот“, рекла Кендра и додала како морала да помине низ многу терапии, а првпат јавно признала дека терапевтите ѝ сугерирале дека можеби има „мали проблеми со сексот“.

„Ми рекоа дека имам нездрави мисли. Не мислам дека е лошо што не сакам брак или нешто слично – секој има право на свој избор. Некој сака да биде самец, некој сака брак… Јас сум повеќе личност која ја сака идејата за забава“, појаснила Вилкинсон.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк