Connect with us

Македонија

Павел четири пати се вратил да спасува другари во „Пулс“, не успеал да се спаси самиот себе

Павел Христов, роден 2004 година, е уште еден тивок херој од трагедијата во Кочани за кој јавноста треба многу погласно да зборува.

Ова момче четирипати влегувалo во опожарената дискотека за да помогне и да спаси свои врсници.

Во целиот хаос не се заштитил сам, преовладувала неговата хуманост, не штедејќи се себеси, и сѐ што може да се случи, раскажуваат неговите другари, вели мајката на настраданиот Павел за „Нетпрес“.

Тој во четвртото влегување веќе почнал да ги чувствува последиците на чадот и да се гуши.

-Болката што ја чувствувам како родител е голема, како и кај сите други родители, бидејќи тие деца си имаа избрано пат. Некои се имаа определно да учат за доктори, други за инженери, трети да се посветат на занает, и сите си ја сакаа Македонија. Поради нечии пропусти останавме без децата, без нашите ангели. Тие ни беа светлост и надеж. Се прашувам Гоподи, зошто ги земаш добрите?, вели Валентина Христова.

Нејзината болка е уште поголема, бидејќи и ќерката Марија била исто така во дискотеката. Таа е повредена и е на лекување во Шпанија, а семејството со нетрпение го чека нејзиното враќање.

Ден по кобната ноќ ова семејство требало да замине за Скопје за да купат венчален фустан за ќерката.

После сѐ што се случи, после трагичната загуба на татко му, на само 17 години Павел застанува како столб во фамилијата. Остана разумен, одговорен и хуман кон општеството, ја ширеше својата ведрина кон своите најблиски и спрема секого, со убав збор и добри дела со намера оваа година да се запише на факултет и да си го работи занаетот како бербер, пишува во емотивната објава на истиот портал.

„Секогаш ми велеше, мајко се ќе биде во ред, јас сум тука за сѐ што треба. Се одлучува за берберскиот занает каде што е и омилена личност“.

Хуманите и храбрите луѓе судбината ги поврзува. Така е со Павел и Јован Костадинов од Виница кој спаси над 20 деца и е вистински херој, но тој знаел да се заштити – ставил мокра ткаенина на дишните органи.

Павел и Јован имале страст да возат мотори по нашите убави планини. Чистите души ја сакаат чистата природа, а и таа ги сака нив. И Јован, како и Павел, пред две години изгуби родител, така и тој цврсто се соочил со животните предизвици, а својата големина на непоколеблива храброст и хуманост ја покажува на дело, не жалејќи го својот живот повеќе пати влегува во опожарената дискотека.

Advertisement

Македонија

Безбедноста на новогодишните пакетчиња проверена – резултатите во АХВ охрабрувачки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни инспекции на детските новогодишни пакетчиња и откри само минимални неправилности. Вкупно беа извршени 262 контроли во магацини за пакување, маркети и продавници кои нудат овој вид производи.

Проблеми беа утврдени кај неколку оператори поради несовпаѓање на роковите на збирните декларации со роковите на поединечните производи, како и некомплетни декларации. Во такви случаи, инспекциските служби издале четири решенија за повлекување на пакетчињата од промет, додека двајца оператори добиле решенија за поставување на исправни збирни декларации на производите.

Според АХВ, ситуацијата годинава е значително подобрена во споредба со лани, кога инспекциите открија несоодветно означување на пакетчињата, производи со поминат рок на употреба и краток рок на трајност, како и производи со променети органолептички својства. Оваа година, пак, недоследностите се сведени на минимални и не претставуваат ризик за здравјето на децата.

Агенцијата најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се обезбеди безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Магла и блокади: Сообраќајот на регионалниот пат Берово–Струмица целосно запрен поради најавен собир

АМСМ известува дека поради појава на магла, видливоста на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија е намалена на само 50 до 60 метри. Возачите се предупредуваат да возат со зголемено внимание и да ги прилагодат брзината на условите на патот.

Жителите на село Двориште најавија јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на местото познато како „Студенец“, утре, на 19.12.2025 година во 10.00 часот. Се очекува патот да биде целосно блокиран, па возачите кои патуваат по правецот Струмица – Берово се советуваат да користат алтернативни патни правци.

На државните патишта се вози непречено, со релативно посуви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, што овозможува непречено движење за патниците.

Continue Reading

Македонија

Синоќа воздухот во Македонија достигна критично загадено ниво

Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, а мерните станици регистрираа концентрации на ПМ-честички кои алармираат за сериозна опасност по здравјето. Особено алармантни се ПМ2,5 честичките, кои според стручњаците не смее да се вдишуваат подолго време.

Според податоците на AQIcn.org, најзагадената точка во земјава околу 22 часот била во Струмица, точно во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој ги комбинира сите клучни загадувачи, скокнал до 339 – ниво кое се смета за „опасно“ дури и за сосема здрави луѓе.

Не многу подобро било ниту во другите градови. Кичево, Скопје и Гостивар забележале AQI вредности помеѓу 200 и 300, што е доволно за предупредување дека престојот на отворено е ризичен. Во Скопје, најкритични биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде индексот се искачил на околу 250.

Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат физички активности на отворено додека воздухот не се стабилизира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг