Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Собравме 12 милиони денари за помалку од една недела“ – Со Иван Ивановски за иницијативата „Поддржи го Кочани“

by Уредник
26.03.2025
in Uncategorized

Трагедијата што ја потресе Македонија, а која што се случи во Кочани во дискотеката „Пулс“, остави зад себе голема болка, но истовремено ја разбуди солидарноста кај луѓето. Група млади ентузијасти, предводени од Иван Ивановски, граѓанин на Кочани, ја покренаа иницијативата „Поддржи го Кочани“ (supportkochani.com) со цел што побрзо да им помогнат на погодените семејства.

Со над 12 милиони денари собрани за само неколку дена, оваа акција стана симбол на човечката хуманост и сплотеност. За предизвиците, целите и идните планови,ММС разговараше со Ивановски, основачот на иницијативата.

„Сѐ започна од потребата за итна реакција. Видовме дека во вакви трагедии, најважно е да се помогне и истата помош која во случајов е финансиска да стаса што е можно побрзо до оние што ја имаат најголемата потреба. Некои организации имаат подолги административни процедури, па ние решивме преку своја инцијатива да реагираме. Затоа формиравме тим од триесетина луѓе кои веднаш почнаа со работа“, вели Ивановски и објаснува како функционира иницјативата и како можат луѓето да донираат.

„Ја отварате страната, ги гледате сите повредени и починати. Нашиот тим ги контактираше фамилиите и ги праша дали информациите можат да се споделат на страната за луѓето да можат да донираат. Ги земаме податоците, ги ставаме на веб страната со тоа што дури имаше и лажни профили на социјалните мрежи кои се претставуваа дека се од Кочани за да можат да заработат.  Сè е базирано на транспарентност и директна комуникација со јавноста. Секој ден ги информираме граѓаните за тоа колку пари се собрани и како ќе бидат распределени. Досега собравме 12 милиони денари, а благодарение на поддршката од луѓето, локалните фирми и волонтерите, иницијативата функционира одлично“, објаснува тој.

Ивановски зборуваше и за тоа со кои се најголемите предизвици во целиот процес.

„Најголемиот предизвик е да им се помогне на сите што имаат потреба. Парите не можат да ја надоместат болката, но барем можат да помогнат во овој тежок период. Дополнително, емоционалниот товар е огромен, градот е потиштен, улиците се празни, а шокот од оваа трагедија сè уште е присутен“, вели Ивановски.

Примарен фокус на иницијативата е да продолжи со собирањето на средства и да обезбеди поддршка за семејствата.

„Планираме и долгорочни проекти со кои ќе помогнеме во обновата на заедницата. Ова мора да биде моментот од кој ќе се движиме напред, посилни и пообединети. Најголемата мотивација ни се луѓето. Секој ден гледаме солидарност, луѓе донираат, носат храна, пијалоци, се приклучуваат како волонтери. Ова покажува дека во најтешките моменти, знаеме да бидеме заедно“, објасни тој, а на најблиските на настрадните им порача:

„Ова што се случи во Кочани не смее да се повтори, никој не треба да поминува низ оваа болка. Но, барем можеме да покажеме дека сме тука еден за друг. Продолжуваме да помагаме, затоа што сега, повеќе од било кога, треба да бидеме заедно“, дециден е Ивановски.

Извор: mms.mk

Next Post

Француските железници ја претвораат железничката мрежа во соларна енергија: Проектот Solveig за одржливост и енергетска независност

Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами

Препорачани Вести

Жена со „мерцедес“ прегази жена-пешак на скопска раскрсница

Женска пресметка пред локал во Скопје, полицијата интервенираше

4 weeks ago

Костадиноски: Асфалтираме патот меѓу Сиричино и Туденце за подобра поврзаност

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.